fbpx

(ВИДЕО) Професор повикува студент на „консултации“, додека студентите се подготвуваат за протест во Белград

На новинарското прашање од Нова С за што сака да разговара со студентот Вељко, професорот вели дека станува збор за „приватни консултации“ и додава „Не морам да ви се исповедам“

-

Човек што се претставил како професор на Факултетот за технички науки во Нови Сад ѝ пришол на група студенти кои утринава тргнале на протести во Белград и побарал да разговара со студент „на пет минути“. Настанот се случил за време на вклучувањето во живо во програмата на телевизијата Нова С од новосадскиот Универзитетски град, пренесува порталот „Данас“.

Човекот што се претставува како професор, му приоѓа на студентот Вељко Петровиќ, за кого вели дека е негов ученик со кој би сакал да разговара. Кога една од насобраните студенти му вели дека нема што да разговара со него, човекот одговара „Мајка ли си му ти?“.

На новинарското прашање од Нова С за што сака да разговара со Вељко, човекот вели дека станува збор за „приватни консултации“ и додава „Не морам да ви се исповедам“.

Тој тврди дека не знае зошто се собрале студентите, а кога му беше објаснето дека ќе го блокираат Белград, одговара:

„Блокирајте што сакате, вие блокирате, а повикувате студенти!“, по што една од собраните студенти објаснува дека организатори на протестот се сите новосадски студенти кои сакаат да живеат во подобра земја.

Студентот Петровиќ за Нова објаснил дека човекот кој му пришол уште не бил професор, туку предавал на катедра на Факултетот за технички науки, додека на социјалните мрежи се споделуваат тврдења дека станува збор за Младен Пеујлија – професор на Катедрата за продуктивни системи, организација и менаџмент на факултетот.

Епилогот од целата драма, како што пишува „Данас“, е позитивен – студентот успеал да се качи во возот и да тргне на блокадите во Белград.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...