fbpx

Студентите во Белград на протест, руски „Вагнер“ бил на вчерашните насилни протести

Телеграм-каналот на руската паравоена група Вагнер денеска објави пост на темата за вчерашните протести во Белград. „Како дома меѓу странци. Белград, зграда на администрацијата, во која јуриша опозицијата. Србијо издржи. Од ПМЦ Вагнер - со љубов“, се наведува во пораката

-

Илјадници студенти, граѓани и претставници на опозициските партии попладнево учествуваа на новиот протест во центарот на Белград против изборните измами, за кои обвинуваат дека ги организираше власта на Александар Вучиќ на парламентарните и локалните избори на 17 декември, пишува Данас.

Младите денеска блокираа дел од белградските улици, најпрво се собраа пред Министерството за државна управа и локална самоуправа во Белград, а подоцна ја блокираа и улицата Кнез Милош пред седиштето на српската влада. Тие бараат од власта да им овозможи увид во избирачкиот список за изборите коишто се одржаа во земјата на 17 декември.

Меѓу собраните на протестот беше и кандидатот за градоначалник на Белград од коалицијата „Србија против насилството“ Владимир Обрадовиќ и кандидатот за пратеник и претседател на ДС, Зоран Лутовац. На протестот учествуваше и Бојан Симишиќ, основач на „Еко стража“, кој порача дека граѓаните не сакаат насилна промена на власта, туку промена на изборните услови.

Во меѓувреме, пристигнуваат застрашувачки информации од српското обвинителство, кои ги обвинуваат уапсените лица од вчерашните протести пред Градското собрание во Белград за две тешки кривични дела за кои можат да добијат затворски казни од по 12 години. На вчерашните протести полицијата уапси повеќе од 35 демонстранти, пишува весникот Данас.

Меѓу уапсените лица е и 19-годишен студент, кој бил уапсен пред влезот на Историскиот музеј на Србија. Неговиот адвокат Иван Ниниќ вели дека него го привеле полицајци во цивилна облека од зад грб и го уапсиле.

„Значи, не е уапсен на самиот протест, туку го пуштиле да оди накај домот и тогаш го уапсиле. Имајќи предвид дека тој и претходно учествуваше во мирните протестни собири, се поставува прашањето дали некој инспектор бил задолжен за него со задача да го уапси после протестите“, посочува Ниниќ.

Тој вели дека обвинителството го терети студентот дека бил меѓу лицата кои фрлале камења кон Градското собрание, а обвинителството се одлучило да ги истражува кривичните дела – насилно однесување на јавен собир и повикување за насилно рушење на уставниот поредок.

Особено интересен податок е што Русија се одлучи да се вклучи активно во вербални напади на опозициските протести што се одржуваат во Белград. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги обвини западните земји дека се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Србија, како што вели таа, “користејќи ги техниките на државните удари на Мајдан”.

Сепак, и покрај ваквите непромислени напади на официјална Москва за случувањата во Белград, особено интересен податок денеска објави белградскиот весник Данас. Телеграм-каналот на руската паравоена група Вагнер денеска објави пост на темата за вчерашните протести во Белград.

„Како дома меѓу странци. Белград, зграда на администрацијата, во која јуриша опозицијата. Србијо издржи. Од ПМЦ Вагнер – со љубов“, се наведува во пораката.

Заедно со пишаната објава приложени се и фотографии кои покажуваат дека еден од поранешните и актуелни борци на Вагнер бил во центарот на Белград.

„Сепак, тој се разбира дека не постанал дел од опозицијата“, пренесува рускиот портал Силовой блок.

Инаку, претставниците на српската опозициска коалиција „Србија против насилството“ обвинија дека на вчерашните протести пред Градското собрание во Белград, кои завршија со повредени полицајци и граѓани и искршени прозорци и врати на објектот, имало уфрлени провокатори кои учествувале во насилните сцени.

Протести пред градското собрание во Белград, полицијата тепаше демонстранти

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...