fbpx

Путин со „новогодишна честитка” до Навални: го испрати во затвор на Арктикот

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш преку твит на социјалната мрежа „Х“ информираше дека Навални се наоѓа во казнената колонија ИК-3 во близина на населеното место Харп во автономниот округ Јамал-Ненец

-

Две недели откако блиските лица изгубија секаков контакт со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, стигна информација дека режимот на Владимир Путин го испратил Навални во казнена колонија во арктичкиот регион во најсеверните делови од Русија, пишува Си-ен-ен.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш преку твит на социјалната мрежа „Х“ информираше дека Навални се наоѓа во казнената колонија ИК-3 во близина на населеното место Харп во автономниот округ Јамал-Ненец.

Пред тимот на Навални да изгуби секаков контакт со него, опозицискиот лидер се наоѓаше на околу 150 милји источно од Москва. Тие предупредија дека Навални е во лоша здравствена состојба пред неговото исчезнување, а откако бил „лишен од храна“ бил „држен во казнена ќелија без вентилација“.

Неговото исчезнување, кое дојде само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе се кандидира за реизбор на изборите во март 2024 година, предизвика загриженост за неговата благосостојба и безбедност.

Местото Харп е на речиси 2.000 милји од Москва, каде што претходно беше држен Навални во затвор.

Алексеј Навални беше осуден на 19 години затвор во август, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, за финансирање екстремистички активности и за многу други злосторства. Тој веќе издржуваше затворски казни од 11 и пол години за измама и други обвиненија кои тој ги негира.

Поддржувачите на Навални тврдат дека неговото апсење и затворање се политички мотивиран обид за да се задуши неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.

Навални претставуваше една од најсериозните закани за легитимитетот на Путин за време на неговото владеење. Тој го користеше својот блог и социјалните медиуми за да ги разоткрие наводите за корупција во Кремљ, како и рускиот бизнис, а организираше и антивладини улични протести.

Во 2020 година, Навални беше отруен со Новичок, нервен агенс од советската ера и со хеликоптер беше пренесен од сибирскиот град Омск во болница во Берлин, каде што пристигна во кома.

Заедничката истрага на Си-Ен-Ен и групата Белингкет утврди дека Руската служба за безбедност (ФСБ) била вклучена во труењето на Навални. Русија негираше вмешаност во труењето на Навални. Путин во декември 2020 година рече дека ако руската служба за безбедност сакала да го убие Навални, тие „ќе ја завршеле“ работата.

Навални беше затворен веднаш по неговото враќање во Русија во јануари 2021 година, под обвинение за прекршување на условите на условната казна поврзана со случајот за измама, покренато против него во 2013 година, кое исто така го отфрли како политички мотивирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...