Најнови случувања околу игрите на Близард: WoW, Diablo 4 и Diablo Immortal

Фото: Принтскрин, WoW

Во најновите случувања за игрите на Близард, компанијата гигант во гејмингот чија холдинг компанија „Активижн“ се спои со Мајкрософт, објави детали за новитетите што следуваат во дел од нивните видео-игри во следните неколку месеци.

Така, најавено е дека Диабло 4 добива ново ажурирање со снежни нивоа што се во склоп со најновата сезона. Диабло Имортал, пак, ќе има евент наречен Splintered Souls каде ќе се промовираат нови каратеристики и додатоци. Исто така, моментално е во тек и предновогодишен попуст на сите игри и услуги на Battle.net платформата за игри на Близард.

Според најавениот план на работа, се предвидуваат дека следната експанзија за WoW наречена The War Within да биде објавена на почетокот на следното лето наспроти претходните „традиционални за Близард“ временски растојанија помеѓу експанзии.

Исто така ќе бидат промовирана и нова опрема за расите трол и дранеи. Овој тип на оклопни сетови се отклучува со серија квестови и сите изгледаат доста добро сработени со дизајн карактеристичен за одликите на расите.

Фото: Принтскрин од Близард

Во момендов, благодарение на Season of Discovery, многу поголем е интересот за WoW Classic отколку излегувањето на преработката на старата експанзија наречена „Катаклизма“. Ќе има новости и за оние кои ја играат „хардкор“ опцијата каде се додаваат борби против играчи што ја прави играта многу потешка. Оваа опција се одвива околу permadeath односно ако ви загине еднаш херојот, нема враќање.

Фото: Принтскрин од Близард

Интересот за Диабло 4 опадна драстично бидејќи гејмерите не се задоволни со новата сезона и од самиот дизајн на оружјата и оклопите. Од друга страна Диабло имортал сè уште се игра. Тоа е од причина што е единствена бесплатна Диабло игра што ја има класичната атмосфера и може секој да ја испроба и изигра од почеток до крај сосема бесплатно. Оваа игра впрочем и остана на Кинескиот пазар откако Кина откажа соработка со WoW.