fbpx

Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување

-

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал и се вели:

04.09.2023 Ковид Србија. Докази, сведочења од лица. План за депопулација.

Видео материјалот е извадок од интервју на човек кој не е преставен/потпишан, а кој изнесува тврдење дека Србија има таен договор со Фајзер кој подразбира вакцини за кои не се знае што се, а и дека Србија имала договор со Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО е еден од извршителите на проектот на злото. И ние сме склучиле договор за кој јавноста не знае дека постои. Договорот значи дека СЗО презема контрола врз нашиот здравствен систем. Не само тоа, туку и контрола врз лекувањето. А короната разоткри дека многу луѓе не умираат од болеста корона, туку од начинот на лекување кој го пропишува СЗО. СЗО има збор и кога се работи за климатските промени. До таа мера е вплетена. Понатаму, еден од тие облици на специјална војна е што Србија потпиша две спогодби со Светскиот економски форум за генетски истражувања кои подразбираат истражување, генетски манипулации, идентификација на генетскиот код во земјава, па потоа преку тоа се прават разни модели на инфекција кои целат само тој генетски код. За жал, една личност која е дел од тој проект стана министерка за наука во Србија. Тоа не е случајно. Тој проект долго трае, вклучени се повеќе институции а еден од носителите на проектот е една приватна лабораторија од Нови Сад, блиска на министерката за наука, вели соговорникот во видеото од постот кој го рецензираме.
Потоа се споделува телоп со фотографија од Јелена Беговиќ, српски микробиолог, молекуларен биолог и министерка за наука. На втор телоп пишува дека таа е ,,координаторка на проектот Ватрено Око, во Белград и Ниш кое почна со работа во 2020 година и на тој начин придонела за зајакнување на капацитетот на тестирање во Србија во текот на пандемијата. Со помош на државата во 2021 се воведува центар за секвенционирање и биоинформатика на институтот и така се овозможува Србија да почне да формира национална банка за геномски податоци“.

 

Целиот материјал во објавата, сосе најавата од сопственикот на профилот, треба да креира слика кај читателите дека Србија била дел од некаков план што го спроведува и СЗО за депопулација, а Србија помага на тој начин што развила генетски истражувања кои потоа помагаат вирусот смртно да нападне што повеќе  лица и на тој начин да помогне при светскиот план за депопулација. Сето ова, се разбира е невистинито и е микс од теории на заговор со крајна цел да ги оддалечи луѓето од вербата во традиционалната медицина.

 

Министерката демантирала дека постои „српски геном“

Самата Јелена Беговиќ ги има демантирано тврдењата за таканаречениот српски геном, кои предизвикале огромни штети кај српската јавност.
Прво и основно, не постои никаков српски геном, ниту пак, било каков друг национален геном. Нашето поднебје се одликува со голема разновидност на гените, зашто Балканот отсекогаш бил подрачје на големи миграциски движења. Ние со години се спремаме за реализацијата на проектот 1000 геноми, за кој се договараме со исклучителен научник и иноватор доктор Радоје Дрманц. Тој потекнува од нашиот Институт за национална генетика и генетичко инженерство, но, во 90 тите замина за Америка и разви технологија за брзо исчитување на геномите, по цена која, кога се работи на голем број примероци, се сведува на 100 долари. А првото секвенционирање, односно исчитување на геномот на еден човек, траело 10 години и чинело милијарда долари, изјави Беговиќ.
Таа додава дека суштината на проектот 1.000 геноми е да се види која комбинација на генетика е типична за одредена популација на Балканот.
Со прецизни критеируми ќе бидат одбрани 1000 поединци и ќе се направи секвенционирање. Со биоинформатичка анализа ќе дознаеме какви се траги оставиле миграциите на Балканот. Ќе биде тоа прилика да раскрстиме со митовите за нашата исклучителна национална генетика. Сите ние на оваа планета сме единствени и со самото тоа исклучителни. Добиените резултати ќе ги вкрстиме со банките на податоци од другите држави, зашто и самите сме дел од една поголема приказна за тоа како се развивал хомо сапиенсот. А се развива и понатаму, за 100 илјади години ако го преживееме сето она кое и го имаме направено на нашата планета, прашање е како ќе изгледа човекот и каков ќе биде, додава Беговиќ.
„Крајната цел е на глобално ниво да се направи голема база на информации и податоци за генетиката, што ќе биде огромен чекор за понатамошен развој, пред се на биомедицината, новите лекови и развојот на новата дијагностика, а не креирање на различни инфекции кои го таргетираат само српскиот генетски код“, како што невистинито се тврди во постот кој го рецензираме.

 

Потрошниот материјал потребен за регионално истражување на геномите ќе биде обезбеден од фирмата „Комплит Геномикс Од Калифорнија, во сопстевност на кинеската БГИ.

Патем, секвенционирањето на човековите геноми се повеќе се користи во различни здравствени системи ширум светот. Тоа го потврдува и српскиот генетичар и професор Миодраг Стојковиќ.

Програмите имаат за цел испитување на гените или на варијанти за да се идентификува зголемен ризик и да се спречи идна болест, на пример зголемени ризици од рак, срцеви заболувања или стерилитет, изјавил професор Стојковиќ.

 

Манипулација и со вакцините и со Светскиот економски форум

Наспроти изнесеното, во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту пак доставува докази. Ковид пандемијата воопшто не опфаќа пациенти зависно од генот или од националноста, ковид беше глобална пандемија. За вакцините, не е точно дека не се знае што се, за нив составот е јавен и еден куп документи од Фајзер се јавни. Договорот за набавка на вакцините е таен во сите земји од светот, не само Србија. Договорот меѓу Светскиот економски форум и Србија е за голем проект кој опфаќа не само геномско секвенционирање, туку и платформа за јавно приватно партнерство и соработка за четврта индустриска револуција, со фокус на работа на вештачка интелигенција и биоинженеринг.

Во врска со тврдењето во постот кој го рецензираме, а кое се однесува на тоа дека СЗО одлучувал какво ќе биде лекувањето против ковид и дека тоа придонело до убивање на пациентите, тоа не е точно. СЗО нема право да се меша во суверенитетот на здравствениот систем на секоја држава и секоја држава решаваше самата како ќе ја лекува болеста, иако даваше факти и препораки, а со оглед на сериозноста на болеста, истата резултираше со неизвесност и бројни смртни исходи. Ваквите тврдења на интерент веќе беа проверени од сервисот за проверка на факти на Дојче Веле во текот на летото.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Со проверка на фактите се утврди дека станува збор за компилација од теории на заговор со цел демонизација на СЗО, демонизација и на вакцините и креирање на лажна слика за некаква завера против пациентите базирано на нивната национална припадност, а со крајна цел депопулација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...