fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

„Threads“ – ривалот на Твитер создаден од Инстаграм ќе стане достапен неделава

Сопственикот на Фејсбук, компанијата „Мета“ конечно ја лансира својата нова апликација базирана на текст и дизајнирана за да се натпреварува со Твитер. Повеќе медиуми објавија дека апликацијата ќе биде лансирана овој четврток. Како што јавува Би-би-си, апликацијата се нарекува „Threads“ (Нишки) и веќе е достапна за претнарачка на продавницата за апликации на „Епл“ – App Store. Апликацијата ќе биде поврзана со...

Во Франција на деца до 15 години ќе им треба родителска дозвола за пристап до социјални мрежи

Франција усвоила закон со кој малолетниците помлади од 15 години ќе мораат да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи, пишувааат француските медиуми, повикувајќи се на агенцијата АФП. Според законот, платформите на сите социјални медиуми ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и проверка дали малолетниците имаат родителска дозвола. Платформите кои не...

„Мета“ со план да им овозможи на корисниците во ЕУ да симнуваат апликации директно преку Фејсбук

Технолошката компанија „Мета“, во чија сопственост е социјалната мрежа Фејсбук, планира да им дозволи на корисниците во Европската Унија (ЕУ) да преземаат апликации директно преку рекламите на оваа платформа. Доколку ова биде овозможено, „Мета“ ќе им стане конкурент на продавниците за апликации на „Гугл“ и „Епл“, јавува „Врџ“. Како што објави медиумот, новиот вид реклами на Фејсбук треба да започне...

Јутјуб наводно тестира нова функција за играње видеоигри на платформата

„Playables“ е новата функција во развој на Јутјуб со која на видео платформата можат да бидат додадени видеоигри, објави Волстрит Журнал. Од вработените во „Гугл“, во чија сопственост е Јутјуб, преку електронска пошта било побарано да ја тестираат новата функција. Игрите наводно можат да се играат или преку апликацијата Јутјуб на оперативните системи iOS и Android или преку прелистувач на...

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот чекор доаѓа само неколку недели откако Илон Маск, милијардерот-сопственик на Твитер, се откажа од доброволниот...

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе тестираа ограничување на пристапот до вести...

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up for a cage match if he...

Младите ги користат социјалните мрежи за четување и видеа, ама не и за општествен активизам

Споделување на видеа од пребрзо возење на автомобили или мотори, од опасни предизвици како што е качувањето на тинејџери по железнички вагони или од глорифицирање на меѓусебни врснички тепачки или насилници. Вакви не толку забавни, а повеќе опасни видеа постанаа речиси секојдневие што може да се погледне на социјалните мрежи кај нас и го поставуваат прашањето за што на...

Србија со најмногу барања до „Мета“ за пристап до податоци за корисниците

Од сите држави на Западен Балкан, Србија испратила најголем број барања до компанијата „Мета“ за увид во податоците на корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, покажуваат најновите податоци што ги објави технолошкиот гигант за втората половина од 2022 година. Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук од 2013 година објавува шестмесечни извештаи за транспарентност, во кои се вклучени и барањата...

Американски музички издавачи го тужат Твитер поради масовно кршење на авторските права

Група од 17 музички издавачки куќи од САД го тужи Твитер, тврдејќи оти платформата овозможила прекршување на авторските права кои вклучуваат речиси 1.700 песни. Националната асоцијација на музички издавачи сега бара отштета од повеќе од 250 милиони долари, објави „Врџ“. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Тенеси, се тврди дека компанијата „го храни својот бизнис со безброј прекршувања на музички...

Илјадници заедници на Редит стануваат недостапни во знак на протест против платформата

Илјадници заедници на „Reddit“ (Редит) од денеска стануваат недостапни во знак на протест поради начинот на кој се води платформата. Оваа американска мрежа воведува контроверзни трошоци за развивачите на апликации од трети страни, кои се користат за пребарување на оваа социјална мрежа. Како што пишува Би-Би-Си, ваквите најави резултираа со бурни реакции, при што модераторите на некои од најголемите „subreddits“...

Ривалот на Твитер создаден од Инстаграм пристигнува наскоро

Компанијата „Мета“ на своите вработени им ги покажала плановите за социјалната мрежа што ќе биде базирана на текст и е дизајнирана за да се натпреварува со Твитер, јави Би-Би-Си. Портпаролот на „Мета“ за Би-Би-Си потврдил дека ваква платформа е во развој. „Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување на текстуални содржини. Веруваме дека постои можност за посебен простор каде креаторите и...

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа, инаку во сопственост на „Амазон“, рече дека ќе ги ограничи големината и видот на рекламите што ги користат стримерите кои креираат содржини таму, пренесува Би-би-си. Новите правила предвидуваа на стримерите да...

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“. Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе се соочи со брзи санкции...

Линда Јакарино го замени Илон Маск на директорското место во Твитер

Новата шефица на проблематичната компанија за социјални медиуми Твитер, Линда Јакарино, започна да ја извршува својата функција неколку недели порано од очекуваното, пренесува Би-би-си. Јакарино, која претходно била шефица на одделот за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал), се приклучи кон платформата неколку дена откако Твитер ја загуби и Ела Ирвин, втората шефица за доверба и безбедност во компанијата која минатата...

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер. Почнувајќи од...

„Мета“ го продаде Гифи – пробарувачот на анимирани гифови

Гигантот „Мета“ го продаде пребарувачот за анимирани гифови наречен Giphy (Гифи) на американскиот снабдувач на фотографии, снимки и музика „Shutterstock“ (Шатерсток). Би-би-си пишува оти минатата година британското тело за заштита на конкуренцијата повторно издаде наредба до „Мета“ да го продаде пребарувачот, откако вакво нешто првпат наложи во ноември 2021 година. Гифи е главен снабдувач на анимирани гифови на социјалните мрежи како...

Монтана е првата американска држава што го забранува ТикТок на уредите на граѓаните

Сојузната држава Монтана стана првата американска држава што ќе ја забрани ТикТок, апликацијата во сопственост на кинеската „БајтДенс“, од личните уреди на граѓаните. Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте ја потпиша забраната вчера, а истата треба да стапи на сила на 1 јануари догодина, пренесува Би-би-си. Републиканскиот гувернер на пратениците им рече дека пошироката забрана ќе го продолжи „заедничкиот приоритет да...

Мечето Падингтон изненади на наградите БАФТА со срдечната почит кон кралицата Елизабета

Доделувањето на ТВ наградите на Британска академија за филмска и телевизиска уметност БАФТА, кое синоќа се одржа во лондонскиот Ројал Алберт Хол, емотивно ги изненади гледачите кога познатото мече Падингтон се појави меѓу присутните за да покаже искрена почит кон покојната кралица Елизабета Втора. Мечето аплаудираше и ја симна капата во знак на почит, додека тимот кој го изработи видеото...

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за степенот на негова регулација. Во...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...