fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Скопје и денеска е европски град со најзагаден воздух и меѓу петте најзагадени во светот

Македонскиот главен град денеска е на петтата позиција на листата најзагадени градови во светот и е најзагаден во Европа. Спред податоците на IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот US AQI за Скопје е 183 со што градот останува во црвената зона на места каде воздухот е нездрав. Во текот на вчерашниот ден Скопје се најде на деветтата позиција на...

Скопје денеска е европски град со најзагаден воздух, надминат е прагот на алармирање

Европски град со најголемо загадување на воздухот денеска е Скопје. Според податоците на IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот US AQI за Скопје е 174 и градот е влезен во црвената зона на места каде воздухот е нездрав. Скопје утрово е деветти по загаденост град во светот според квалитетот на воздухот. Од Министерството за животна средина и просторно планирање...

МЖССП: Податоци за аерозагадувањето не се прикажуваат поради инсталација на нова опрема

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. „Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка...

Скопје и Будва во трка за европска престолнина на културата во 2028 година

На интернет страницата на Европската Унија, односно на Европската комисија во делот за култура и креативност, е објавено дека Будва и Скопје влегле во потесниот избор за да станат европска престолнина на културата во 2028 година. „Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат...

Дојави за бомби денес добиле 39 училишта во Скопје и 10 во Куманово

Денеска биле испратени рекордни 49 дојави со закани за поставена бомба во основни и во средни училишта. Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега дојави пријави стигнале до 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, како и до 8 основни плус еден клон на училиште и едно средно училиште во Куманово. „Во најголем дел од училиштата во Скопје се...

ЕСМ уверува дека се прават обиди да не поскапи струјата за домаќинствата што штедат

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска најави дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од јануари идната година. Ковачевски, на брифинг со новинарите, најави дека е можно и извесно намалување на цената на електричната енергија, за првиот и вториот блок, која ги опфаќа...

Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта во Куманово

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во училишта во Скопје и Куманово, потврди Министерството за внатрешни работи. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР. Меѓу училиштата во кои се врши евакуација се и основните училишта...

МВР: Завршија сите потребни проверки, лажни се пријавите за поставени бомби

Министерството за внатрешни работи потврди дека сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 15 училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа се завршени и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се...

Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Приватните автобуски превозници кои протестираат на булеварот Илинден кај бараките на Град Скопје откако ги тргнаа блокадите на крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвенот крст бараат да бидат примени во Владата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска одбива да разговара со нив. Дополнително, тие се заканија дека ќе ги радикализираат протестите ако тоа не се случи. Сепак, премиерот Димитар Ковачевски...

Хибриден напад: Дојави за бомби во министерства, трговски центри, висококатници и училишта

Дојави за поставени бомба утринава пристиганале во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт, девет училишта меѓу кои и скопските гимназии „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“, а и во едно основно училиште во Кавадарци. „Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно...

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје - мерната станица Лисиче, мистериозно за двата месеца...

Расправијата меѓу Ленин и Данела го оневозможи сообраќајот во главниот град

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утринава речиси целосно го блокираа сообраќајот во Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Булеварот Илинден. Поради протестот овие улици се затворени и движењето во главниот град стана мачење за сите останати учесници во сообраќајот. Доцнат и автобусите од јавниот превоз. На некои автобуски линии се чека...

Нови дојави за бомби во три скопски основни училишта и едно во Крива Паланка 

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 07 и 30 часот утрово, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така денеска околу 11 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана...

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Со почести и средби одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

Честитки по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје денеска упатија државните и локалните власти. Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка изрази почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град. „Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на...

В недела ќе се одржи 13 Ноемвриски хуманитарен базар

Скопјани в недела од 12 часот ќе имаат можност да помогнат на петмина сограѓани со тоа што ќе купат домашни бисквити за миленици и многу други производи, а и да освојат гратис бањања за кучињата или мачињата кои први ќе се појават на 13 Ноемврискиот хуманитарен базар кој го организира „Не биди ѓубре“. Целта на барзарот кој ќе се одржи...

Новите договори за парно греење ќе бидат достапни на Интернет, пополнети ќе се доставуваат лично

Корисниците на парно греење во Скопје ќе можат сами да си го симнат и пополнат договорот за снабдување со топлинска енергија со АД ЕСМ. Новите договори кои треба да се склучат откако АД ЕСМ го презеде снабдувањето со парно греење во главниот град ќе бидат поставени на веб-страницата на оваа компанија а ќе се доставуваат и по пошта. Сепак, иако...

На три пункта во Скопје граѓаните ќе ги потпишуваат новите договори за парно со ЕСМ

За да се регулира потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија, а за таа цел потрошувачите на чиe име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во...

Здружението Лесја Украинка ќе протестира во Скопје по руските гранатирања на украински градови

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за денеска најави протестен митинг против денешните руски гранатирања на украински градови. Протестот ќе почне во 18 часот, пред Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Пред граѓаните кои ќе дојдат на протестот ќе се обрати претседателот на „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович. По денешните разорни напади, Твитер со свој пост реагираше и амбасадорката...

Barcelona Gipsy balKan Orchesta ќе настапат во Скопје (видео)

Бендот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), кој го одушеви светот со преработката на песната „Море сокол пие“, на 11 декември ќе одржи концерт во Скопје.  Концертот на BGKO е закажан во Македонската Филхармонија, со почеток во 20 часот. Заедно со Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија) ќе настапи италијанската вокалистка Маргерита Абита. Тие до сега...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...