fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Публикацијата „Мапирање на супкултурите“ ќе се промовира утре во социјален центар „Дуња“

Во социјалниот центар „Дуња“ утре со почеток од 19 часот, ќе се промовира публикацијата „Мапирање на супкултурите“, што ја иницираше Одделението за едукација на Манифеста 14 и која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана. Автори на истражувањето во Скопје се Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ, а е спроведено во рамките на 14-тото издание...

ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на скопските топлани

АД Електростопанско на Северна Македонија (ЕСМ) и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите кои се во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје. „Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ“, се...

Ковачевски најави поевтина струја за училиштата, болниците и малите компании

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на прес-конференција најави дека училиштата ќе имаат електрична енергија и дека јавните здравствени установи ќе имаат струја по поповолна цена од берзанската. Тој рече и дека парно за Скопјани ќе има. „Над 70 илјади компании и други правни субјекти со промет годишен до два милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска...

Владата одобри 18 милиони евра за непречено греење на Скопје

Владата вчера соопшти дека одобрила 18 милиони евра, односно 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија“ за набавка на енергенси пред почетокот на грејната сезона во Скопје. Во соопштението не е прецизирано за кои енергенси станува збор, само се вели дека со овие средства ќе се осигура дека скопјани ќе имаат топли радијатори за време на грејната...

Перински контра Арсовска за Пречистителната станица

И Европската инвестициска банка е против барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која побара да ги сменам членовите на Евалуциската комисија за тендерот за изградба на Пречистителната станица, соопшти разрешениот в.д директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, откако денеска Град Скопје соопшти дека е тој разрешен. Образложението беше дека дошло до нерегуларности во постапката за тендерот...

Вториот дел од викендот на гордоста Скопје ќе се одржува на неколку локации од 15 до 17 септември

Вториот дел од програмата за јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста Скопје, ќе се одржи од 15 до 17 септември, во Младинскиот културен центар – МКЦ, Музејот на современа уметност, и клубот Станица 26, најавија организаторите. Основната кураторска тема на овогодишното издание фестивалот за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање...

Стара фотографија од поплава во ГТЦ се прикажува како да е нова, од последното невреме во Скопје

Фотографијата од ГТЦ што се споделува на социјалните мрежи нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година, пишува ВистиномерВистиномер. На Фејсбук страница споделена е фотографија на која е прикажана поплава во Градскиот трговски центар....

Регулаторна бара БЕГ да ги повлече августовските сметки за парно, кои пораснаа за 40 отсто

Августовските сметки за парно греење испратени од Балкан Енерџи Груп (БЕГ) им предизвикаа главоболки на граѓаните, поради огромниот раст - за околу 40 отсто - на сумата што треба да ја платат. Веќе два дена реагираат на зголемувањето, па така на пример оние домаќинства коишто во април и мај добивале сметки за парно од 1.410 денари, во август им...

Водовод и канализација денеска ги проверува шахтите и ја чисти атмосферската канализација

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје соопшти дека од утрово биле повторно на терен, вршат проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација по големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион вчера. Оттаму велат дека интервенирале на сите улици во градот и на критичните места: бул. Гоце Делчев кај Мавровка и кај МРТВ, подвозникот...

Герасимовски: УХМР најави ново невреме, затворете ги прозорците и обезбедете го објектот ако протекува

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува. Како што се вели во соопштението, службите на општина Центар изминатото деноноќие...

Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме со силен ветар, град, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје околу 17 часот. Паднати дрвја и билборди, оштетени покриви, поплавени улици и објекти веќе се пријавуваат од граѓани на социјалните мрежи во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел. Од Центарот за управување со кризи информираат дека граѓаните на телефонскиот број 112 пријавуваат паднати дрва, откорнати...

Поради енергетската криза „Skopje Light Festival“ ќе трае два дена

Поради енергетската криза, Skopje Light Festival ќе трае два дена, а сите инсталации се со ЛЕД осветлување и минимална потрошувачка, најавија организаторите на фестивалот кој ќе се одржи викендов, 2 и 3 септември, во Градскиот Парк. “Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e...

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства - грантови, која што финансиска поддршка нема потреба да...

Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година. Свежо цвеќе денеска на споменикот на жртвите од земјотресот, положија и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски...

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

Патници кои секојдневно патуваат на релацијата меѓу Скопје и Табановце се жалат дека четирите пара возови веќе неколку дена не сообраќаат. До редакцијата на новинската агенција Мета пристигна поплака од граѓанин за укинувањето на возовите, кои секојдневно поаѓаат од Скопје за Куманово и Табановце во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот, како и од Табановце и Куманово за Скопје...

Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона. Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека одземањето на лиценците не значи...

Проблемот со дивите депонии во Скопје повторно го третираме во „Шорткат“

По половина година, во новата епизода на „Шорткат“ повторно го третираме проблемот со дивите депонии во Скопје. Обиколивме неколку локации низ главниот град, а она што го забележавме на овие места ќе може да го гледате вечерва на нашите канали на социјалните мрежи од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за рекордниот број на ученици-повторувачи во средните училишта во земјава,...

Светски познатиот артист Tyga на 22 јуни настапува во Скопје

Светски познатиот артист Tyga, како дел од својата светска турнеја летово ќе настапи и во Скопје, на овогодинешното издание на Fusion Festival. Покрај главниот настап на Tyga, на овој фестивал ќе настапат и македонските хипхоп и трап артисти Irie Scratch, DJ Shorty P и Young Daddy. Фестивалот со свој диџеј сет ќе го затвори Ampov. „Огромна е честа и задоволството да...

„Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери?“ – кампања за Меѓународниот ден на сексуалните работници на Балканот

По повод 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, во партнерство со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија организира онлајн кампања со промоција на видео насловено „Зошто Скопје повторно засллужува црвени фенери?“ „Видеото ги прикажува...

Жална вест од ЗОО Скопје, угина едно од двете бели волчиња

Едно од двете бели волчиња од загрозениот вид Арктички волк (Canis lupus arctos), чие раѓање Зоолошката градина Скопје го објави на 12 мај, угина. Оваа информација за Мета.мк ја потврди директорот на зоолошката градина Кристијан Стаменов. „Пред неколку дена едно од волчињата угина. Се очекуваат резултатите од обдукцијата. Другото волче е добро, прочистено е од паразити и деновиве треба да...

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...