Герасимовски: УХМР најави ново невреме, затворете ги прозорците и обезбедете го објектот ако протекува

-

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува.

Како што се вели во соопштението, службите на општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје.

Штети од невремето во Скопје | Фото: Општина Центар

„Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и
координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за
расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата“, изјави градоначалникот Герасимовски, по  завршувањето на состанокот на штабот.

До општината вчера пристигнале многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

ДСЗИ бара дисциплинска постапка за здравствените работници по смртта на двете новороденчиња

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете новороденчиња –...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и...