недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Горан Герасимовски | 17 резултати

Архитектите се бунат, на терен се рушат последните објекти во „Треска“ [видео]

30 септември 2023

Рушењето на објектите во кругот на некогашната фабрика за мебел „Треска“ продолжува со несмалено темпо, наспроти реакциите на архитектите дека центарот на Скопје ја губи последната локација која ќе се претопи во густи згради без никаков јавен простор за граѓаните. Откако најпрво беа срушени некогашните објекти од фабриката „Треска“ кои гравитираа кон булеварот „Митрополит Теодосиј […]

На местото на „Треска“ почна изградбата на згради, кавги во Општина Центар

22 септември 2023

Инвеститорот „Голден Арт“ со спонзорирани текстови ја промовира изградбата на станбениот комплекс „Треска“, која започна на 20 септември да се изведува на местото на поранешната фабрика за мебел. И додека на терен се гради првата станбена зграда, во Општина Центар течат меѓусебни караници помеѓу градоначалникот Горан Герасимовски и советниците од иницијативата „Шанса за Центар“. „Шанса […]

Општина Центар го затрупа градилиштето на „9 Мај“, инвеститорот не градел според одобрение

1 јуни 2023

Градежен инспектор, припадници на МВР, претставници од Општина Центар, со градежна механизација, утринава интервенирале на спорното градилиште на улицата „9 Мај“ и започнале со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот градел надвор од издаденото одобрение за градење, информираа од Општина Центар. Градежната инспекција претходно го затворила градилиштето, а […]

Првите три училишта во Општина Центар добиваат фотоволтаични системи

22 мај 2023

ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи во општинските основни училишта „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ Скопје и „Јохан Хајнрих Песталоци“, откако советниците од Општина Центар на денешната седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на седницата појасни […]

На Водно се градело на земјиште предвидено за лозја, инспекција ги запре градежните активности

11 мај 2023

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи, денеска излегол на терен на Водно, каде биле забележани градежни дејствија. Според известувањето од општината, станувало збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и […]

Ученичка во „Кочо Рацин“ направила список со соученици кои сака да ги повреди

9 мај 2023

Ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар направила список со закани за соученици, потврди Министерството за внатрешни работи. Во информацијата оттаму стои дека вчера во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. „Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се […]

Герасимовски пред ресорните министри ќе ја претстави иницијативата за пренамена на дивоградбите

6 април 2023

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар пред ресорните министри за правда, Кренар Лога и транспорт и врски, Благој Бочварски ќе ја презентира иницијативата нелегалните објекти наместо да се рушат да се пренаменат во функција на општините. Герасимовски побарал средби со Бочварски и Лога, бидејќи двете министерства со кои тие раководат, се предлагачи на двата закони […]

Герасимовски во хрватско Крижевци: И Општина Центар ќе се стреми да биде енергетски независна и самоодржлива

11 март 2023

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели. „Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа […]

Мета факт: Во зародиш е ветувањето за нова административна зграда, младински центар и подземен паркинг во Дебар Маало

7 март 2023

Градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година пред граѓаните вети дека населбата Дебар Маало ќе добие нов лик преку изведба на нова општинска зграда со Младински центар, подземен паркинг и ново шеталиште со парк. Ова предизборно ветување е во самиот зародиш на […]

Во центарот на Скопје отворена „Алеја на Украина“

12 септември 2022

Новата украинска амбасадорка во земјава Лариса Дир од центарот на Скопје каде што денес беа засадени дрвја донирани од Украина и беше отврена изложбата наречена „Алеја на Украина“ порача дека Украина има исклучителна важна поддршка од македонското општество. Таа рече дека Русија продолжува со својата крвава напаѓачка политика, одземајќи животи на цивили и уништувајќи го […]

Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

7 септември 2022

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка при вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата, соопштија од Општина Центар. Како што велат од Општината, тие ќе основаат Центар за испорачување на социјални услуги за нега […]

Герасимовски: УХМР најави ново невреме, затворете ги прозорците и обезбедете го објектот ако протекува

31 август 2022

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува. Како што се вели во соопштението, службите […]

Шанса за Центар: Заканите со тужби се обид за да се најде оправдување за постапките што ќе следат

25 март 2022

По објавувањето на стравувањата за можно разрешување на урбанистичкото уредување на подрачјето на фабриката „Треска“ на начин на кој ќе се занемари јавниот интерес, од граѓанската иницијатива Шанса за центар тврдат дека биле цел на организирана кампања полна со манипулации, невистини и закани. Истовремено, велат дека со настапот предизвикале и реакции, со кои се потврдуваат нивните […]

Страна 1 од 1