Регулаторна бара БЕГ да ги повлече августовските сметки за парно, кои пораснаа за 40 отсто

-

Августовските сметки за парно греење испратени од Балкан Енерџи Груп (БЕГ) им предизвикаа главоболки на граѓаните, поради огромниот раст – за околу 40 отсто – на сумата што треба да ја платат. Веќе два дена реагираат на зголемувањето, па така на пример оние домаќинства коишто во април и мај добивале сметки за парно од 1.410 денари, во август им пристигнаа сметки од 1.932 денари. Оние кои пролетта имале сметки во висина од 2.970 денари, во август добиле дури 4.380 денари.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) Марко Бислимовски денеска имаше прес-конференција по повод издадените сметки за август од БЕГ. Тој рече дека во изминативе два дена добиле голем број поплаки од граѓаните на Скопје, согласно кои сметките за топлинска енергија се зголемени за околу 40 отсто.

Регулаторната комисија побара од БЕГ да ги сторнира сите сметки за август коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки, во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата којашто ја добиваат граѓаните од страна на владата. Бислимовски додава дека единствена причина за зголемувањето на августовските сметки на БЕГ е тоа што не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава владата до потрошувачите на топлинска енергија во Скопје.

„Средства во државниот буџет се обезбедени, а има и одлука која веќе е донесена, ќе се донесе и нова одлука со која што ќе се потврди дека потрошувачите на топлинска енергија во Скопје ќе ги добијат субвенциите“, изјави Бислимовски, додавајќи дека е невообичаено тоа што БЕГ ги испратил сметките на 30 и 31 август, иако месецот август сè уште не е завршен.

Од Министерството за економија за Мета.мк во однос на прашањата за зголемените сметки за парно за август за околу 40 отсто упатија одговори на прашањата да се бараат кај Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од Балкан Енерџи Груп засега не излегоа со соопштение во врска со августовските сметки за парно греење во Скопје, а Мета.мк испрати прашања и до нив, иако не добивме одговори. Во телефонски разговор со операторите од контакт-центарот на БЕГ, Мета.мк доби информација дека владата не донела одлука за субвенционирање на сметките за парно греење и поради тоа зголемувањето на августовските сметки е за 40 отсто. Од контакт-центарот на БЕГ нѝ одговорија дека доколку се донесе одлуката за субвенција, тогаш во порамнителните сметки за 5,6 и 7 месец догодина ќе се одбијат средствата што се веќе наплатени.

Сличен одговор денеска даде и претседателот на РКЕВУ, Бислимовски, којшто на прес-конференцијата додаде дека на оние граѓани коишто веќе ја платиле августовската сметка за парно греење на БЕГ зголемена за 40 отсто, во наредните сметки – без разлика на тоа кој ќе ја врши дејноста – ќе им бидат вратени парите.

Инаку, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на крајот од јули одлучи дека од 1 август годинава цената на парното греење ќе биде зголемена за 14,18 проценти.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...