„Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери?“ – кампања за Меѓународниот ден на сексуалните работници на Балканот

Фото: СТАР - ПРВ КОЛЕКТИВ НА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ НА БАЛКАНОТ

По повод 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, во партнерство со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија организира онлајн кампања со промоција на видео насловено „Зошто Скопје повторно засллужува црвени фенери?“

„Видеото ги прикажува придобивките и позитивните страни на сексуалната работа за сексуалните работници и ја истакнува потребата од прифаќање на доброволната сексуална работа во општеството отсликано преку шармот на црвените фенери и танцот на сексуалните работници. Во минатото, во старо Скопје, постоеле улици со црвени фенери, кадешто работеле „дамите на ноќта“. Доказ за тоа е објектот Фенерли-ан кој и денес постои во старата скопска чаршија. Улицата на црвените фенери претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот“, се вели во соопштението на ХОПС.

Во видеото има сцени сцени од изминатите уметнички перформанси на сексуални работници од Skopje Red Light District.

Во рамки на кампањата е и поткастот „На доручек со MISS STRAWBERRY (МДМФ)“.

Кампањата има за цел да ја намали негативната јавна перцепција за сексуалните работници и да ја подигне свеста кај општата популација за препознавање на сексуалната работа како труд и занимање.

Онлајн кампањата може да се проследи на следниот ЛИНК