Жална вест од ЗОО Скопје, угина едно од двете бели волчиња

-

Едно од двете бели волчиња од загрозениот вид Арктички волк (Canis lupus arctos), чие раѓање Зоолошката градина Скопје го објави на 12 мај, угина. Оваа информација за Мета.мк ја потврди директорот на зоолошката градина Кристијан Стаменов.

„Пред неколку дена едно од волчињата угина. Се очекуваат резултатите од обдукцијата. Другото волче е добро, прочистено е од паразити и деновиве треба да прими вакцина“, рече Стаменов.

Тој истакна дека станува збор за прво легло и грижата за новородени волчиња е специфична, затоа што се раќаат во дувло.

„Напредуваа супер, немаше никакви индикации дека нешто не е во ред. Ние не сакавме да ги двоиме од мајката. Но, и покрај тоа што се случија многу позитивни работи, некогаш се случува и нешто негативно“, вели Стаменов.

„Бејби бум“ во Скопје ЗОО, по лавчињата се родија лама, лемур, камила и берберска овца

Инаку, последните неколку месеци освен тоа што добри вести за бејби бумот во ЗОО Скопје го обиколија светот, во Зоолошката градина угинаа и пингвин, антилопа и мајмунот Мики.

Стојменов вели дека од извршената обдукција за овие животни, утврдено е дека Мики имал кардиоваскуларни проблеми. За пингвинот од страна на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) било препорачано да се извриши евтаназија заради тоа што имал проблеми со коските, а антилопата имала метастазиран карцином.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...