fbpx

Со почести и средби одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

-

Честитки по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје денеска упатија државните и локалните власти.

Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка изрази почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

„Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град“, стои во честитката на Ковачевски.

Владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи се поклони и положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“ пред владината зграда.

„13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите, но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола“, се вели во владиното соопштение.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

„Воедно, градоначалничката Арсовска изрази благодарност за храброста, силата и упорноста во борбата за слобода за Скопје и Македонија, за сите нас и идните генерации. Почитта кон нашите народни херои и пожртвувани борци, нивниот непокор нè потсетуваат колку е важно да ја почитуваме и паметиме жртвата која борците ја дале за денес да живееме во слободно Скопје“, велат од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...