Најновата игра Вулверин е во развој – гејмерите шпекулираат секакви сценарија

Вулверин скриншот од трејлерот од YouTube
*Скриншот од тејлерот за играта

Неодамна се објавија свежи информации околу најновата игра со ликот на Вулверин. На оваа игра работат истите девелопери Insomniac кои ја направија првата игра Спајдермен за PlayStation 5 што беше една од најдобрите, ако не и најдобрата игра со суперхерои воопшто дотогаш. Затоа, и за Вулверин се очекува да направат квалитетна и динамична игра. На истава тема веќе имавме краток напис со трејлерот и ви препорачуваме да го прочитате. 

Според трејлерот за Вулверин и името на барот „Принцес“ кој седи во анимацијата,  фановите востановија дека Вулверин ќе биде сместен во градот Madripoor што е во „Спајдерверсот“ (Марвел Универзумот на Спајдермен). Исто така, и има и реклама фрекфенција на радио на ѕидот во трејлерот, на која пишува 1048 што е ознака за „Земја 10 48“ – верзијата на земјата на која го има оригиналниот Спајдермен.

Според градот Мадрипор можно е и Вулверин да се бори против прикриени вонземјани. 

Во стриповите има мултиверзум со повеќе планети-земји во “различни димензии”. DC Comics имаат и серијал Crisis on Infinite Earths (стрип каде се здружуваат сите суперхерои и нивните други верзии да се борат против закана што би ги уништила сите универзуми), а Спајдермен иако е Марвел лик, има полно “кросовери” и во DC во стриповите. Тоа ги поттикна и повеќето играчи да шпекулираат и за Вулверин.

Станува збор игра која ќе биде во отворен свет. Како и во Спајдермен, многу од фановите сакаат да го видат и Вулверин како истражува на мотор во стил на GTA5 во голем отворен свет и се справува со криминалци, банди и битанги. Досега сите Вулверин игри имале фиксен свет, што линеарен (како поединечните игри за Вулверин), што во инстанци (како дел од многуте игри за X-man), но никогаш немало карактеристика каде Вулверин би бил “ослободен” во тотално отворен свет. 

Според тоа што може да се забележи од трејлерот, се работи за период каде Вулверин веќе е со другите Х-мен и приказната најверојатно ќе се поврзе и со Спајдермен. Но секако се верува дека нема да се прави грешката повторно да има приказна за потеклото на ликот, грешка што, на пример, е премногу правена во Бетмен филмовите – секој Бетмен филм повторно таканаречена “origin story” или вовед со приказна за потеклото на ликот.

За Вулверин веќе се направени неколку такви игри и филмови и потеклото им е доста познато и на “стрипаџиите”, но може да има “флешбекови” кои би биле кратки со “анимации како сеќавања” за заплет во самата приказна. Би било супер да се видат вакви флешбекови со девојката што ја сака Вулверин – јапонката Јурико и самурајското минато на Вулверин. 

Но, мора да се земе на ум дека сето ова се само можни шпекулации од фанови базирани на информации кои се малку на број. 

Девелоперите објавија дека се при крај со приказната за играта, но не открија што ќе биде приказната. Тие сега навлегувале во делот каде се прави “motion-capture” со актери за акцијата во играта. Се очекува да не се воздржуваат во креативноста на оваа игра и да има “blood and gore” и секакви сцени со комбоа, финишери и кул движења.

Некои од гејмерите посакуваат да има и “non-lethal combat“, како што се бира на Deus Ex Human Revolution, но тоа е малку веројатно да се случи, бидејќи Вулверин игрите се “напукани” со брутално насилство, тоа е и главниот драж на ликот.

За датумот на излегување на играта се шпекулира дека би било најрано во 2024 година.