fbpx

МЖССП: Податоци за аерозагадувањето не се прикажуваат поради инсталација на нова опрема

-

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни.

„Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема“, информираат од МЖССП.

Во моментот, новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема, велат од ова министерство.

„Додека се врши миграцијата, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што навремено ја известивме јавноста преку нашата веб страница и социјалните мрежи на МЖСПП. Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата“, велат од МЖССП.

Тие додаваат дека се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни и напоменуваат дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат.

„Доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Исто така сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи“, стои во соопштението од МЖССП.

Заради транспарентност, МЖСПП ќе објавуваат податоци за среднодневни концентрации од извршените мерења за ПМ-10 и ПМ-2,5 од претходниот ден. Повлечени се податоци од извршените мерења, со далечински on-line пристап до логерите за податоци, од следните автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух: Миладиновци, Лисиче, Ректорат, Кичево, Велес 2, Центар, Лазарополе, Битола 1, Ѓорче Петров.

МЖССП ги достави во прилог податоците за среднодневни концентрации на ПМ-10 И ПМ-2,5 честички за изминатите два дена, во кои е забележливо надминувањето на просечните дневни концентрации на овие загадувачки супстанци. Исто така, тие информираат дека за податоците од мерните станици Карпош, Тетово, Струмица и Гевгелија во моментот не е возможен пристап.

Во моментот врз основа на добиените и анализираните податоци за концентрациите на ПМ-10 евидентно се забележува зголемување на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен на повеќе мерни места.

„Прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Центар и Лисиче и на мерните места во  Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево и Велес. Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на ПМ-10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани“, се наведува во соопштението на МЖССП.

Реакцијата на Министерството за животна средина доаѓа откако денеска веб-страницата на Државниот автоматски мониторинг систем за загадувањето со ПМ-10 честички имаше последни податоци објавено само за 20 декември. За ова реагираше и Горјан Јовановски, креатор на апликацијата AirCare која го мери загадувањето на воздухот, кој веќе втор ден по ред алармира за енормното загадување на воздухот во Скопје, додавајќи дека на Министерството за животна средина и просторно планирање во најзагадените периоди им текнало серверската опрема на мерните станици да ја менуваат, а со тоа да оневозможат граѓаните да знаат што дишат.

Воздухот во Скопје енормно загаден, Министерството за животна средина трет ден не објавува податоци

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...