fbpx

Расправијата меѓу Ленин и Данела го оневозможи сообраќајот во главниот град

-

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утринава речиси целосно го блокираа сообраќајот во Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Булеварот Илинден. Поради протестот овие улици се затворени и движењето во главниот град стана мачење за сите останати учесници во сообраќајот.

Доцнат и автобусите од јавниот превоз. На некои автобуски линии се чека и повеќе од еден час. А, за сега нема ниту индиција дека состојбата ќе се подобри.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој воедно е и претседател на про-руската моторџиска група „Ноќни волци“, рече дека протестите ќе продолжат додека не им се исплатат пари од наводен долг од град Скопје за кој градоначалничката Данела Арсовска негира дека постои.

„Слобода превоз“ преку Фејсбук им се извинија на граѓаните за попречувањето на движењето низ градот.

Од Град Скопје пред неколку дена соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз” поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа дека на овој начин превозниците нема да постигнат решение за проблемот и им порачаа да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје.

Проблемот со јавниот превоз во Скопје трае веќе две недели, откако приватните превозници престанаа да сообраќаат, па потоа на неколку наврати ги блокираа улиците.

Принтсктин од „Гугл мапс“ за моменталната состојба со сообраќајот во градот. Сите портокалови, црвени и виолетови линии означуваат отежнат или оневозможен сообраќај (05.12.2022 г.).

Покрај блокадите од приватните превозници, сообраќајот е дополнително оневозможен и од градежни активности на повеќе градски улици и булевари кои се во надлежност на Град Скопје. Меѓу другото, се работи на булеварот Кузман Јосифовски Питу пред Народната банка, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на улицата Антон Панов, како и на улицата Даме Груев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...