Скопје и Будва во трка за европска престолнина на културата во 2028 година

Фото: Бојан Блажевски, Мета.мк

На интернет страницата на Европската Унија, односно на Европската комисија во делот за култура и креативност, е објавено дека Будва и Скопје влегле во потесниот избор за да станат европска престолнина на културата во 2028 година.

„Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат. 10 независни експерти го предложиja потесниот избор на еднодневниот онлајн состанок“, наведено е во соопштението.

Влегувањето во потесниот избор за титулата ЕПК 2028 може да резултира со значителни културни, економски и социјални придобивки за градовите, под услов нивната понуда да е предводена од долгорочна развојна стратегија за културата.

Градовите имаат рок до јуни 2023 година да ги комплетираат своите апликации. Панелот ќе се состане во септември 2023 година за да селектира и предложи еден град кој ќе стане трета европска престолнина на културата од земја на ЕФТА/ЕЕА по ЕПК Нови Сад (Србија) во 2022 година и ЕПК Бодо (Норвешка) во 2024 година.
Во истата година, ќе има уште две европски престолнини на културата, една во Република Чешка (Бромув и Будвајс се најдоа во потесниот избор во октомври 2022 година) и една во Република Франција (селекцијата за француските градови ќе се одржи на почетокот на март 2023 година).