fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Загадување без контрола: Повеќе од половината општини немаат инспектор за животна средина

Повеќе од половината општини во земјава немаат инспектор за екологија. Останатите имаат по еден, а ретко некоја општина и двајца инспектори за животна средина. Отсуството на контрола врз загадувачите директно резултура со загадување на воздухот, водите и почвата, проблеми со кои се соочуваат голем број локални самоуправи. Соочени со десетици инсталации со Б- интегрирани дозволи и стотици со елаборати...

За еден месец собрани 235.000 евра од продажба на кеси, ќе се инвестираат во еколошки проекти

За само еден месец, во декември минатата година, се собрале над 14 милиони денари или околу 235.000 евра од продажбата на пластични кеси. Тие ќе бидат наменети за еколошки проекти, а Министерството за животна средина наскоро ќе направи Програма со првите приоритети за инвестирање, информираше денеска министерот Насер Нуредини. Откако пред речиси два месеци стапи на сила забраната за пластичните...

Општина Свети Николе не сака регионална депонија во Мечкуевци, под ризик да пропаднат 40 милиони евра

Европската Унија (ЕУ) на земјава ѝ даде неповратни финансиски средства од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија по европски стандарди за Источниот и Североисточниот плански регион, но новото локално раководство на Општина Свети Николе пред самото распишување на меѓународниот тендер за нејзина изведба вели дека не се согласуваат да се гради проектот на локацијата близу селото Мечкуевци. „За...

Се озаконува градењето во селата во заштитени подрачја, реагираат екологистите

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ реагира на најновите измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање кои се предложени од Министерството за транспорт и врски, а за кои ова министерство не организирало јавна расправа. Пред два дена истече рокот за коментари по Предлог-законот прикачен на ЕНЕР, а од „Фронт 21/42“ имаат неколку забелешки. Меѓу нив, еколозите реагираат дека предложените...

ДЕБАТА: Проблемот со корупцијата во високото образование потекнува од недостатокот на истражувања за неа

Денеска се одржа првата од серијата онлајн тематски дебати за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и за достапните алатки за спречување и пријавување на корупција на тема „Интегритет во високото образование - Поттикнување на борбата против корупцијата“ организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Дебатата беше модерирана од страна на Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, а...

Со задоцнување од три месеци, Владата планира да го усвои Законот за климатска акција во март

Наместо до крајот на минатата година, усвојувањето на Законот за климатска акција, планирано е да влезе во владина постапка при крајот на првиот квартал од годинава, односно во текот на март, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од Министерството објаснуваат дека доцнењето од три месеци е поради усогласувањето и адаптирањето на решенијата на национално ниво со новата...

Публикација на Метаморфозис: На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза

Во издание на Фондацијата Метаморофозис е објавен извештај за дел од реформските процеси во РСМ во однос на ЕУ аспирациите, кој се однесува на моменталните реформски перформанси во секторот правосудство, дел од кластерите што ги оценува ЕУ за исполнување на условите за преговори за членство. Во документот насловен „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“ опфатени се неколку сегменти...

Пролетва се најавува конечно старт на чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион

Минатата година се дадоа неколку рокови за почетокот на чистењето на нестандардните општински депонии во Источниот и Североисточниот плански регион, но ниту еден не беше испочитуван. Сега, од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека напролет треба конечно да стартуваат активностите на терен. Во моментов нема видлива активност на локациите натрупани со ѓубре, но периодов се...

Вистиномер: Јавното обвинителство функционира со само една третина од предвидените кадри

Кратење на буџетите, недостаток на ресурси, недостаток на вработени на крај резултира со лоши резултати во борбата против корупцијата. Јавното обвинителство треба да има водечка улога во борбата против корупцијата, но, за жал, во Северна Македонија е главна кочница, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Недоволниот број на стручни соработници и друг помошен персонал го оптоварува...

АНКЕТА: Младите не се запознаени со можностите што ги нуди ЕУ за финансирање научни проекти

Најголем број од младите во земјава, вклучувајќи ги студентите и постдипломците, не се запознаени со можностите кои им се нудат за развивање на проекти и нивно профилирање во областа на науката и научната дејност. Според Извештајот за следење на напредокот на Македонија кон ЕУ за 2021 година, државата направила минимален и лимитиран напредок во полето на наука и истражување....

Да се спроведат сите мерки од локалните еколошки планови на општините, бара Граѓанскиот инспекциски совет

Да се спроведуваат сите мерки кои се утврдени во локалните еколошки планови на општините, инспекциите да се постојано на терен, а загадувачите на воздухот да се откриваат во реално време и да добијат казна, да запре насилната урбанизација и уништувањето на зеленилото, а институциите конечно да дадат одговори колкав е соодносот и уделот во аерозагадувањето на индустријата, домаќинствата и...

Вистиномер: Партиите го бојкотираат носењето на законот за висока државна служба

Центарот за управување со промени заедно со Министерството за информатичко општество уште пред 3 години поднесоа Закон за висока државна служба. Со овој закон требаше на транспарентен начин да се избираат директори на јавни претпријатија и членови на одбори, комисии и други органи со што би се избегнала партизацијата и корупцијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу може да...

Државната матура и оваа година ќе се полага на ист начин како лани

Учениците кои завршуваат средно образование во учебната 2021/2022 година ќе го полагаат државниот матурски испит исто како учениците од претходната генерација  кои минатата година се изборија за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача, а покрај непроменетите услови за полагање, годинава ќе има проширување...

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле концесии, но сѐ уште не...

Порталб: Реформи на јавната администрација во текот на 2021 година, многу ветувања и малку работа

Не е направено доволно во текот на 2021 година на областа на реформите во јавната администрација. Ова е оценката на експертите, кои препорачуваат департизиција на администрацијата за да се обезбедат квалитетни, ефикасни и брзи услуги. Во 2022 година, по реконструкцијата на Владата, со Министерството за информатичко општество и администрација се очекува да раководи нов министер, пишува Порталб.мк. Универзитетскиот професор Борче...

„Еко свест“: Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали и парите да се насочат кон сонцето и ветерот

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали е новата кампања на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, за која деновиве започна и петиција за собирање на потписи. Петицијата, заедно со кратко информативно видео, е објавена на нивните страници на социјалните мрежи, а од „Еко свест“ апелираат граѓаните да ја потпишат и да дадат поддршка за укинување...

Образованието во 2021 година: нова концепција за основците, протести на средношколците

Новата концепција, заедно со најавата за воведување електронски учебници и сеопфатно сексуално образование, проследени со низа дезинформации, лажни вести, но и протести на родителите, ги одбележаа случувањата во основното образование изминатата 2021 година. Протестираа и средношколците, а тие бараа промена во моделот на полагање државна матура и враќање во училишните клупи, наместо неквалитетна онлајн настава, што веќе од септември...

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

Мониторинг во медиумскиот сектор: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година. Резимето од мониторингот за реформите во медиумскиот сектор...

Порталб: Ништо не е направено околу трансферот на административците во приватниот сектор

Трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор не започна и покрај тоа што се ветува од 2019 година, кога Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го водеше Дамјан Манчевски, пишува „Порталб“. Истото подоцна го вети и актуелниот министер Јетон Шаќири. МИОА не дава информации што од овој проект е сработено, а од Синдикатот на администрацијата велат дека никој...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...