Публикација на Метаморфозис: На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза

-

Во издание на Фондацијата Метаморофозис е објавен извештај за дел од реформските процеси во РСМ во однос на ЕУ аспирациите, кој се однесува на моменталните реформски перформанси во секторот правосудство, дел од кластерите што ги оценува ЕУ за исполнување на условите за преговори за членство.

Во документот насловен „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“ опфатени се неколку сегменти по кои се оценува правосудството, како што се независноста на судската власт, транспарентноста и ефикансоста на Јавното обвинителство и на Судството, ефикасноста, дигитализацијата и  буџетирањето.

Токму буџетирањето, според оценка на експертите од фокус групата и врз основа на наодите во Извештајот, е тој клучен елемент на кој треба да му се посвети внимание во тековната година и во следниот период генерално.

„Буџетирањето, било на целото правосудство или посебно на судовите и обвинителствата е се уште далеку од законски загарантираните суми, иако постои сосема мал напредок во буџетите за 2021 и за 2022 година. Генерално, за сите сегменти од правосудството државата одвојува околу 55 милиони евра на годишно ниво, иако само судството има потреба од над 90-тина милиони евра, според законската стапка за буџетирање од 0,8 отсто од БДП. Според буџетските проекции за 2022, севкупната сума би била околу 61 милиони евра. Но, потребите се огромни и требаат многу повеќе пари и во судството и во обвинителството, секако и во другите области од правосудството“, се наведува во резимето на Извештајот.

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Промовирање на отчетноста и транспарентноста на јавните реформи“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година.

Ова е втор извештај во рамките на проектот. Претходниот беше објавен во октомври 2021 година и се однесуваше на реформите медиумскиот сектор: „Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Втор обид за пукање во Трамп, Бајден соопшти дека Тајната служба ќе ги има сите ресурси за да го заштити

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден откако агенти на американската тајна служба отвориле оган кога забележале лице со огнено оружје на теренот...