fbpx
Таг: ракетирање

таг: ракетирање

Низа жестоки напади од Русите во Украина, во Миколаив употребени ракети С-300

Во текот на изминатава ноќ, украинскиот град Миколаив беше гаѓан од руските сили со ракети С-300, од кои најголем дел паднале во индустриски комплекс на периферијата на градот. Претходно, Миколаив беше и гранатиран, а од нападите на Русите, во градот избија и четири пожари, извести украинската новинска агенција Укринформ. Како што извести Подрачната единица во Миколаив на Државната служба за...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Најмалку 22 загинати во руското ракетирање на патнички воз во Украина

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 се повредени во рускиот ракетен напад на железничка станица во Днипропетровскиот регион во Украина. Ракетите погодиле патнички воз којшто се запалил, а меѓу загинатите е и 11-годишно дете, пишува Гардијан. Ракетирањето се случило во градот Чаплине, околу 145 километри западно од Донецк. Рускиот ракетен напад се случи на денот кога се одбележува 31-годишнината од...

САД предупредуваат за руски напади врз цивилна инфраструктура и владини објекти во Украина

Американскиот Стејт департмент и Амбасадата на САД во Кијив издадоа безбедносно предупредување дека Русија планира да изврши напади врз цивилна инфраструктура и владини објекти во Украина во наредните денови, пренесува Гардијан. Весникот додава дека станува збор за прво конкретно предупредување издадено од американската амбасада во Кијив во изминативе месеци. Предупредувањето не прецизира кои локации во Украина би можеле да бидат...

Официјален Кијив забрани собири за прославување на Денот на независноста на Украина

Масовните собири за прославување на Денот на независноста на Украина во Кијив се забранети од денеска до четврток, во Харкив ќе стапи на сила продолжен полициски час од утревечер до четврток вечер, а властите и на другите градови низ Украина, меѓу кои и пристанишниот град Миколаив, повикаа на максимално внимание на населението и избегнување на јавните простори, пренесува Би-би-си. Гардијан...

Руското ракетирање на Харкив продолжува, пријавени нови цивилни жртви

Харкив како втор по големина град во Украина изминативе три дена е цел на континуирано ракетирање од руските сили. Три населби во градот утрово повторно биле погодени од руските ракети, а најмалку едно лице е повредено. Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека ова е едно од најконзистентните ракетирања на Харкив од почетокот на руската инвазија во...

Пеколна ноќ во Харкив, од руското гранатирање загинаа девет цивили и 35 се повредени

Харкивскиот регион минатата ноќ се соочи со најинтензивно гранатирање од почетокот на руската инвазија врз Украина. Во нападите се погодени станбени објекти, при што животот го загубија најмалку девет цивили, а 35 лица се повредени меѓу кои и три деца, пренесува Укринформ. Во неколку наврати од 21:30 часот вечерта до рано утринава, извршени се ракетни напади од руските сили врз...

Руско ракетирање на украински градови, во Миколаив погоден универзитет, во Одеса рекреативен центар

Борбите на линиите на фронтот во Украина продолжуваат, заедно со руското ракетирање на населени места кои се под украинска контрола. Најмалку три лица се повредени во ракетирањето на регионот Одеса, при што е уништен рекреативен центар и неколку приватни објекти, јавува Гардијан. Украинформ пренесува за жестоко гранатирање на пристанишниот град Миколаив, при што со две ракети е погодена универзитетска зграда....

Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти

Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период. Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни централи и хемиски фабрики, како...

Русија гранатира пристаништа и градови во Украина, има загинати и повредени лица

Градови и села во Харкивскиот, Днипропетровскиот, Донецкиот и Миколаивскиот регион се гранатирани од руските сили во текот на изминатово деноноќие, при што има загинати и повредени лица. Во руското ракетирање на градот Краматорск во Донецкиот регион загинаа три лица, пренесува Гардијан. Како последица на рускиот ракетен напад на населеното место Змијив во Харкивскиот регион, тројца цивили биле повредени, јавува Укринформ....

Уапсени руски шпиони во Украина, планирале да го убијат министерот за одбрана

Украинските власти соопштија дека уапсиле две лица кои работеле за руските разузнавачки служби и имале задача да го убијат украинскиот министер за одбрана, како и раководителот на национална служба за воено разузнавање и неименуван украински активист, пренесува Гардијан. Двете лица се веќе во притвор, а работеле за руската воено-разузнавачка агенција ГРУ. Едно од лицата било од Луганск, додека второто...

ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин. Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово деноноќие. Украинските власти информираа дека...

Британското разузнавање предупредува дека војната во Украина влегува во нова фаза на јужниот фронт

Британското разузнавање и Министерството за одбрана во најновите извештаи предупредуваат дека војната во Украина влегува во нова фаза, во која жариштето на борбените дејствија ќе се префрли од Донбас на јужниот фронт, на потегот околу реката Дњепар во регионите Херсон и Запорожје, пренесува Гардијан. Британското Министерство за одбрана информира дека долги колони на руски камиони, тенкови, артилерија и друго оружје...

„Амнести интернешенел“ со критика до Украина, Зеленски бара да не се оправдува руската инвазија

Невладината организација „Амнести интернешенел“ вчера ги обвини украинските сили за прекршување на меѓународното право и за загрозување на цивилите во нивната одбрана од руската инвазија, пренесува Гардијан. Во извештајот на „Амнести интернешенел“ се наведуваат инциденти во 19 градови и населени места, во кои, веројатно, украинските сили ги загрозиле животите на цивили со воспоставување на бази во станбени објекти. Украинската канцеларија...

Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко. Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми...

Украина ја напуштиле 10 милиони лица од почетокот на руската инвазија, борбите продолжуваат

Надмината е бројката од 10 милиони лица коишто ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари годинава, информираат Обединетите нации, пренесува Гардијан. Најголемиот дел од овие лица се бегалци коишто пронајдоа засолниште во некоја од европските земји, првенствено во Полска. Во меѓувреме, на терен продолжуваат борбите во кои страдаат цивили. Украинската воена команда денеска информираше...

Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање

Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското жито ќе ѝ донесе на Украина прилив од најмалку една милијарда евра. Почетокот на извозот...

Интензивни ракетирања на украински градови, десетина лица загинаа изминатово деноноќие

Руските сили ги интензивираа ракетирањата на украинските градови во изминатово деноноќие, а бројот на загинати и повредени лица е зголемен. Во Донецкиот регион најмалку осум цивили загинаа, а 19 се повредени во нападите врз градовите Бахмут, Торецк, Орливка, Хирнук и Соледар, јавува Укринформ. Две лица го загубија животот од морска мина во приморскиот град Коблево на Црното море. Лицата биле...

Најмалку пет загинати и 25 повредени во руски ракетен напад на градот Кропнивицки

Во рускиот ракетен напад на градот Кропнивицки во централниот дел на Украина загинаа најмалку пет лица, а 25 се повредени, јавува Би-би-си. Нападот се случил попладнево во 12:22 часот по локално време, а во нападот била погодена академијата за авијација на Универзитетот за национална авијација и хангари на авијациска компанија. Меѓу загинатите лица во рускиот ракетен напад, едно лице е...

Украина со контраофанзива на југот, руските сили ја зазедоа втората по големина електрана

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека украинската контраофанзива на југот на земјата зема замав откако тие успеале да воспостават премин јужно од реката Ингулец, која што ја формира северната граница на регионот Херсон, пишува Гардијан. Украина ја користи новата артилерија со долг дострел за да оштети најмалку три мостови на реката Дњепар, во обид да ги отсечат...