fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Порталб: Доктор Халити од Тетово ја прими вакцината против ковид-19, вели дека ѝ верува на науката

Специјалистот Газменд Халити беше еден од првите лекари од тетовската Клиничка болница кој се вакцинираше против корона вирусот. Во интервју за Порталб тој го опиша процесот на вакцинација, ефектите од вакцинацијата и неговото искуство. Овој лекар ги советуваше сите да се вакцинираат, за да изградат имунитет и да бидат поподготвени во случај да дојдат во контакт со вирусот. Вие бевте меѓу...

Порталб: Многу прашања за бегството и враќањето на Мијалков останаа неодговорени

Не може, а да не кажеме дека ситуацијата остава лош впечаток, пред сè во однос на координацијата и комуникацијата на надлежните тела едни со други, како и во однос на квалитетот, точноста и конзистентноста на информациите споделени со јавноста. Вака Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ за Порталб.мк го искоментира случајот со изчезнувањето, а потоа и појавувањето на...

Новиот директор на „ЕЛЕМ Турс“ во интервју за Порталб.мк се жали дека претпријатието е во долгови

Директорот на „ЕЛЕМ Турс“, Адем Авзиу, којшто управува со туристичкиот центар „Попова Шапка“ во интервју за Порталб.мк говори за неговата визија како нов раководител со овој туристички центар. Меѓу другото, разговаравме за жичарата Тетово-Попова Шапка, вештачкиот снег, недостигот од паркинзи, отпадоците, (не)функционирањето на ски-лифтовите и сè друго во врска со Попова Шапка, пишува Порталб.мк. Како нов директор, Адем Авзиу истакна...

Порталб: Бојкот на пописот – политички инструмент што меѓународните стандарди не го признаваат

Бојкотот е политички инструмент. Според препораките на Обединетите нации и Евростат, не се споменува дека пописот може да се бојкотира бидејќи тоа е неопходно за државата, граѓанската должност и законската обврска, велат поранешниот заменик претседател на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети и поранешниот член Дончо Герасимовски, пишува Порталб.мк. Беџети за Порталб.мк изјави дека од позиција ректор, тој не сака да...

Регистрирана е Селефиска исламска заедница, ИВЗ вели тоа е против единството на муслиманите

Основниот Суд Скопје 2 регистрираше исламска верска заедница, паралелна на постоечката, која ја води реисот Шаќир Фетаху, пишува Порталб.мк. Од ИВЗ, остро реагираат бидејќи со закон не е дозволено регистрирање на две исти верски институции и дека е штетно за единството на муслиманите. Тие ги повикуваат граѓаните да не потпаднат под влијанието на оваа заедница, основана од судијката Сузана...

Порталб: Прифатени 7 жалби против Општина Тетово за информации од јавен карактер

Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер усвои одлука со која се потврдува дека Општина Тетово постапила незаконски против барањата на редакцијата на Порталб.мк. Се работи за 7 барања за информации, за кои Агенцијата бара од Општина Тетово што побрзо да ѝ одговори на редакцијата на Порталб.мк. Иако за време на предизборната кампања, градоначалничката на Тетово редовно ветуваше...

Порталб.мк: Ганиу ги заборави ветувањата за катни гаражи и подземни паркинзи во Чаир

Решавањето на проблемот со паркинзите во Општина Чаир е уште едно од ветувањата што градоначалникот на оваа општина Висар Ганиу го даде за време во предизборната кампања, а кое не е реализирано, пишува Порталб.мк. Во својата предизборна програма „Договор“, Ганиу вети обезбеден буџет од 1.156.293.957 денари (околу 18 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи на територијата на оваа...

Веб-страницата vakcinacija.mk доби и верзија на албански јазик

Министерството за здравство информира дека веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против ковид-19 е достапна и на албански јазик на следниов линк. Пуштањето на верзијата на албански уследи откако Порталб.мк реагираше што апликацијата минатата седмица беше пуштена само на македонски јазик, а не и на албански. На оваа веб-страница досега 46.023 лица го пополниле формуларот за...

Порталб: Утре ќе се бира претседател на Врховен суд помеѓу Адеми, Неделкова и Саити

Судскиот совет на Северна Македонија, утре во 10 часот ќе одржи седница на која ќе биде избран претседател на Врховниот Суд, известува Порталб.мк. Кандидати за местото претседател на Врховен се врховните судии Беса Адеми, Лидија Неделкова и Џемали Саити. Од тројцата кандидати, помалку позната за јавноста е Беса Адеми. Од Апелациониот во Врховен дојде пред 16 години. И претходно, во...

Порталб: Заев вети отстранување на спорниот учебник по Географија со навредлива содржина кон Албанците

Навредливата содржина кон Албанците во учебникот „Географија на Македонија“ ќе биде отстранета оваа година, а постапката е веќе започната, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето на Порталб.мк. Тој нагласи дека е свесен оти овој учебник се користи од 2002 година, а таквата содржина излезе на виделина во 2018 година, пишува Порталб.мк. Во еден ист мандат, премиерот Заев за Порталб.мк вети...

Порталб: Бавно напредува создавањето услови за безбедност на пешаците на улицата Индустриска во Тетово

По протестите на граѓаните што живеат близу улицата „Индустриска“ во Тетово поради опасностите на оваа сообраќајница, Општина Тетово постави лежечки полицајци веднаш до основното училиште „Кирил и Методиј“. Пред неколку дена на оваа улица 3-годишно девојче беше прегазено од автомобил и го загуби животот, пишува Порталб.мк. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку „Фејсбук“ вети дека покрај препреките на пешачките премини,...

Порталб: Ганиу не ги исполни ветувањата за основните училишта „Имри Елези“ и „Конгреси и Манастирит“

Дел од ветувањата на Висар Ганиу за реконструкција на училиштата во Општина Чаир останаа само во ветениот план напишан на хартија, пишува Порталб.мк. Во својот „Договор“ за 4-годишната програма 2017-2021 година, Ганиу, меѓу другото, вети пред изборното гласачко тело дека ќе ги реконструира повеќето основни училишта на територијата на оваа општина. За Основното училиште „Имри Елези“, Ганиу вети дека ќе направи...

Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч,...

Порталб: Арифи е далеку од исполнување на ветувањето за легализација на 7.000 објекти во Тетово

Иако има само уште 8 месеци до крај на вториот мандат, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, не е ни близу до исполнување на ветувањето за бројот на легализирани објекти во овој град. Таа во дебатата на Порталб.мк и Kallxo.com во текот на 2017 година вети легализација на 7.000 објекти, а досега се одобрени вкупно 3.600 барања за легализација. Бројот...

Бектеши не го исполни ветувањето за формирање Комисија за Попова Шапка, даде рок уште еден месец

Во декември лани, министерот за економија Крешник Бектеши вети дека до 20 јануари, ќе почне да функционира Комисијата што ќе одлучува за судбината на Попова Шапка. Денеска од Министерството за економија го одложија ветувањето за еден месец, односно за „Порталб.мк“ оттаму посочија дека Комисијата ќе почне да функционира пред 20 февруари. Од иницијативата „Да ја ​​спасиме Попова Шапка“ уште...

Порталб: Судијата Саити најави „интересни детали“ по завршувањето на постапката за избор на претседател на Врховниот суд

Вестите во медиумите дека еден од кандидатите за претседател на Врховен суд „не го положил“ психолошкиот тест не се точни. Според професорката на Институтот, каде е извршен тестот, лице не може да го положи или да не го положи психолошкиот тест, туку само го пополнува истиот, додека Институтот дава мислење дали тоа лице е соодветно за одредена работа или...

Порталб: Патот на двајца млади луѓе до добивање извод за венчани

Граѓаните на земјава секојдневно се соочуваат со проблеми од различна природа кога станува збор за издавање документи. Јавната администрација не секогаш функционира правилно и тоа најдобро го покажуваат анкетите за доверба на граѓаните. Порталб.мк, директно на терен ја следеше постапката за венчањето на една двојка од Скопје, кои одлучиле тоа да го сторат во Регионалната канцеларија на Подрачната единица...

Порталб: Ганиу го завршува мандатот без да го исполни ветувањето за реконструкција на градинките

Реконструкција на фасадата и опремување на градинки со енергетска ефикасност, реконструкција на оградите, хортикултурно уредување, игралишта со реквизити, урбана опрема, пешачки улички, се дел од предизборните ветувања на „Договорот“ на Висар Ганиу. Во него, тој вети дека ќе ги реконструира сите градинки во Општина Чаир, вклучувајќи ги и горенаведените проекти, како и да изгради две нови детски градинки. Порталб.мк...

Порталб: Се очекува рушење на објектите за да се гради булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

Најголемиот дел од сопствениците на објектите што треба да се урнат за изградба на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се согласија на ова. Но, во моментов има три лица со коишто сè уште нема договор. За нив, оформена е посебна комисија составена од општински советници. Од друга страна, тетовската градоначалничка Теута Арифи очекува во текот на пролетта да се...

Порталб: По најавите за протести, Теута Арифи најавува промена на цените за јавниот превоз во Тетово (инфографик)

Три дена откако студентите и студентските организации од Тетово најавија протести и го искажаа својот револт поради фактот дека во ценовникот за јавен превоз немаше ставка со која се предвидени олеснување на цените за младите, туку само за јавната администрација, градоначалничката Теута Арифи, оствари средба со претседателот на Студентскиот парламент во УЈИЕ, Агрон Демири, по што Арифи изјави дека...