Поставување лежечки полицаец на улицаа Индустриска во Тетово | Фото: Општина Тетово

По протестите на граѓаните што живеат близу улицата „Индустриска“ во Тетово поради опасностите на оваа сообраќајница, Општина Тетово постави лежечки полицајци веднаш до основното училиште „Кирил и Методиј“. Пред неколку дена на оваа улица 3-годишно девојче беше прегазено од автомобил и го загуби животот, пишува Порталб.мк.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку „Фејсбук“ вети дека покрај препреките на пешачките премини, ќе има и физичко раздвојување помеѓу двата правци на сообраќај.

„Почнавме со поставување пречки на пешачките премини, како и физичко раздвојување помеѓу двете насоки на „Индустриска“. Ова се прави за да се спречи движењето на возилата со голема брзина во овој дел од градот, а истовремено да се спречат несреќи кои честопати го загрозуваат животот на граѓаните“, пишува Арифи.

Покрај тоа, Арифи потенцираше дека на овој патен правец ќе биде поставена дополнителна вертикална сигнализација како и обележување на пешачките премини.

„Иако станува збор за транзитен магистрален пат, овој дел од градот е густо населен, а има многу деца кои следат настава во ОУ „Кирил и Методиј“. Во текот на следната недела ќе инсталираме дополнителна вертикална сигнализација како и ќе ги обележиме пешачките премини“, изјави Арифи.

Порталб вчера беше на ова место:

Порталб.мк потсетува дека пред две недели беше одржан протест со четири конкретни барања за улицата „Индустриска“.