Фото: Порталб.мк

Реконструкција на фасадата и опремување на градинки со енергетска ефикасност, реконструкција на оградите, хортикултурно уредување, игралишта со реквизити, урбана опрема, пешачки улички, се дел од предизборните ветувања на „Договорот“ на Висар Ганиу. Во него, тој вети дека ќе ги реконструира сите градинки во Општина Чаир, вклучувајќи ги и горенаведените проекти, како и да изгради две нови детски градинки. Порталб.мк посети некои градинки кои Ганиу вети дека ќе ги реконструира, но истите се непроменети, барем не однадвор.

На прашање на Порталб.мк, пред неколку дена, за тоа до каде се проектите за реконструкција на градините како што вети, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, рече дека е реконструирана една градинка, без да даде подетални детали за тоа што се случи со другите градинки и зошто тие досега не биле реконструирани.

„Целосно е реконструирана една градинка од под до покрив“, рече тој.

Што се однесува до изградбата на нови објекти за градинки, започна изградбата на само една од нив и таа е сè уште се во фаза на изградба на темелите, што значи дека не е можно да се заврши до крајот на мандатот на Ганиу.

Иако во информативната табла на инвеститорот лоциран на местото каде што се одвиваат работите, пишува дека изградбата на објектот започна во август 2020 година, за поставувањето на камен-темелникот беше одлучено 4 месеци подоцна од Ганиу и Министерката за труд и социјална политика, односно на 25-ти декември. Станува збор за новиот објект во рамките на градинката „Фидани“ на улицата „Кемал Сејфула“.

Но, дури и во овој објект работите запреа. Од фотографиите што ги обезбеди Порталб.мк, просторот каде што започнаа градежните работи е исполнет со вода, што оневозможи понатамошно продолжување на работите.

Вкупниот простор на оваа конструкција ќе биде 3.150 м2, вредноста на проектот е предвидено да биде 120.083.880 денари, додека просторен капацитет е предвиден за 350 деца и вкупно 21 кабинети. Овој проект се очекува да заврши во 2022 година.

Да потсетиме, Висар Ганиу во својата програма за кампања за локалните избори, вети дека ќе ги реконструира градинките Снежана 1- Џуџињата (Borëbardha 1) -, Снежана 2 – Снегулка, Фидани 1 – Мајка, Фидани 4 – Веса, додека требаше да се гради новата градинка Фидани 3 – Бамби и нова градинка на улицата Серава.

Но, мандатот на Гани завршува наскоро, оставајќи ги градинките скоро исти како што го најде од неговиот претходник и сопартиец.