ОУ „Имри Елези“ / Фото: Порталб.мк

Дел од ветувањата на Висар Ганиу за реконструкција на училиштата во Општина Чаир останаа само во ветениот план напишан на хартија, пишува Порталб.мк.

Во својот „Договор“ за 4-годишната програма 2017-2021 година, Ганиу, меѓу другото, вети пред изборното гласачко тело дека ќе ги реконструира повеќето основни училишта на територијата на оваа општина.

За Основното училиште „Имри Елези“, Ганиу вети дека ќе направи хортикултурно уредување и улички за пешаците. За ова имал предвидено и буџет од 10.127.150 денари.

Општина Чаир успеа, преку донација обезбедена од УСАИД, да изврши неколку
реконструкции внатре во училиштето, како што се поставување нови врати во
училниците и реновирање на ѕидовите на коридорите.

Сепак, Ганиу не го исполни она што го вети во својата програма, со која ги доби гласовите на граѓаните од оваа општина.

Истата ситуација е и со ОУ „Конгреси и Манастирит“. И за ова училиште, Ганиу вети дека ќе направи хортикултурно уредување.

Сепак, и ова остана само план испечатен на хартија, без никакви напори досега да се направи реалност за учениците од ова училиште. За овој проект беше предвиден и буџет во предизборната програма. Но, дворот на ова училиште и понатаму е нерегулиран и неприлагоден за учениците. Поголемиот дел се користи за паркирање автомобили, додека делот што им останува на учениците е нерегулиран.

За време на предизборната кампања, Ганиу вети дека ќе ги реконструира градинките, но ниту тие досега не беа реконструирани.