fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

На ниски температури, со загаден воздух и меѓу вируси, скопјани се соочуваат со метеж во јавниот превоз

Хаосот со јавниот превоз продолжува да владее во Скопје, откако веќе неколку месеци не се наоѓа решение за стабилизирање на состојбата, додека граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на институциите, кои се законски обврзани да обезбедат редовен и ефикасен јавен превоз во Скопје, пишува Порталб.мк.  Автобуските постојки низ Скопје се преполни со граѓани кои на ниски температури се принудени да...

АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале и каде завршувале парите?

Јавни претпријатија наплаќаат вода, а немаат дозвола за управување на вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб.мк. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во функција на политики за заштита на истата, открива...

Порталб: Касами со надеж во Хајрулахи за тужбата против Арифи

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, се надева дека новиот обвинител на Вишото обвинителство Скопје ќе продолжи со случајот, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) реши дека нема да истражува по тужбата поднесена од општина Тетово против поранешната градоначалничка Теута Арифи за договорите на дело склучени додека таа беше на чело на општината....

Порталб: Именувањата на високи позиции се партиски и без постапка за одредување на квалитетот, проблемот нема решение

Институциите во Северна Македонија речиси секогаш се раководени од партиски имиња со непозната стручна подготовка, на грбот на квалификуваните компетентни и заслужни професионалци. Неопределената актуелна законска рамка ја дозволува злоупотребата и распределбата на позициите преку нетранспарентни постапки врз основа на пријателски врски, проценува документот на ИДСЦС – за јавни политики „Висока раководна служба: Дистинкција меѓу политичкото и професионалното“. Законот...

Порталб анализа: Се намалува бројот на невработени, ама се намалува и бројот на активно население

Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1.300 лица, а на активното население за повеќе од 2.000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб.мк. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени. Невработени -  44,2% се етнички Македонци,...

„ТехноАлпин“ го претстави планот за инвестиции во Попова Шапка, предвидени се седум фази

Инвеститорите од италијанската компанија „ТехноАлпин“ заинтересирани за Попова Шапка денеска го претставија нивниот план за развој на овој туристички центар. Процесот е во рана подготвителна фаза и договорот сè уште не е потпишан. Министерот за животна средина призна дека во овој центар не се инвестирало цели дваесет години и рече дека се очекува тоа да се направи преку оваа...

Закани за бомби во руски стил: Целта е да се сее страв кај населението

Експертите оценуваат дека досегашните аларми за бомби во училишните објекти, трговските центри и институциите доаѓаат од Русија. Нивната цел е да сеат страв кај граѓаните во контекст на војната во Украина и вознемиреност за еден можен конфликт на северот на Косово, пишува Порталб.мк. Северна Македонија, како и државите од регионот, во изминатиот период се соочува со закани за поставени бомби...

„Младински дијалог“, Гир со порака за младите: Бидете генерацијата што ќе донесе промени

„Бидете генерацијата што ќе донесе промени“ беше пораката на евро-амбасадорот Дејвид Гир, во Скопје, на отворањето на „Младинскиот дијалог“ во средата. Од друга страна пак, претставниците на Владата на РСМ се заложија дека со финализирање на Националната стратегија за младите ќе има позитивни резултати за младите, пишува Порталб.мк. Делегацијата на ЕУ во Скопје ја започна серијата на дискусии „Младински дијалог“....

Еднаков пристап и инклузивност на граѓаните преку дигитализацијата да биде приоритет за земјите од регионот

Целите и активностите на носителите на одлуки од земјите на Западен Балкан треба да бидат ориентирани кон крајната цел да им биде обезбеден еднаков пристап до услугите за сите нивни граѓани и да бидат што е можно поинклузивни. Ова беше заклучокот од панел дискусијата на тема „Приоритетите во Националните акциски планови за Отвореното владино партнерство на земјите од Западен...

Косово го усвои Националниот акциски план 2023-2025 за Отворено владино партнерство

Владата на Косово на вчерашната седница го усвои Националниот акциски план (НАП) за Отворено владино партнерство (ОВП) за периодот 2023-2025 година. Ова го соопшти Кабинетот на премиерот на Косово, за време на дискусијата на граѓанските организации од Западен Балкан, кои учествуваат во проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда - ICEDA“, од кој дел е и Фондацијата Метаморфозис....

Порталб: Основниот суд во Струга пред колапс, судиите имаат и до 400 предмети

Основниот суд во Струга веќе цели години функционира во многу тешки услови поради недостаток на професионален кадар. Моментално ситуацијата е уште поотежната и судството во овој град е пред колапс, пишува Порталб.мк. Како последица на недостатокот на професионален кадар во Основниот суд во Општина Струга, граѓаните мораат да чекаат со месеци или дури по цели години за да се донесе...

Третирање на дигиталната трансформација преку Отворено владино партнертство: Земјите од Западен Балкан ги споделија своите искуства

Партнерите на проектот ICEDA (Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда) во соработка со партнерот домаќин на ICEDA Опен дата Косово, во рамки на регионалниот дијалог за дигиталната агенда, се собраа вчера во Приштина за да дискутираат на тема „Дигиталното владеење во регионот преку Отворено владино партнерство и други иницијативи”. Денеска ќе се одржат две јавни сесии на оваа...

Анализа на „Порталб“: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб. Кредитирање на фирмите Компаниите во банките на...

Полошкиот регион конечно го доби Центарот за жени-жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека официјално е воспоставен Центарот за жени-жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени-жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. „Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста...

Нетранспарентност на институциите: 352 постапки за прекршување на законот, над 70 казнети

Во последните пет години, за прикривање информации, односно недавање информации од јавен карактер или непостапување согласно одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер или пак за неназначување одговорно лице за посредување со информации од јавен карактер, казнети се четири службени лица во Северна Македонија. Други 69 ја платиле глобата во услови на „договор за укинување“,...

Нема решение за хаосот на струшката улица „Туристичка“, ветување на Мерко уште од претходниот мандат

До денес направени се минимални чекори за реализација на предизборното ветување на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, за реконструкција на улицата „Туристичка“, пишува Порталб.мк. Ова ветување останува неостварено уште од минатиот мандат на Мерко. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Сѐ уште нема решение за урбаниот хаос во една од главните улици во центарот на градот Струга, позната како...

По објавата на Порталб, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на автобуските постојки

По неколку написи на Порталб.мк за недостатокот на клупи на автобуските постојки во Тетово и по импровизацијата од страна на граѓаните со столчиња и мебел од нивните домови, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на овие постојки. „Иако секојдневно се соочуваме со потешкотии и пречки во сообраќајот, ЈП Тетово транспорт во соработка со Општина Тетово денес започна со поставување на столчиња...

„e-Општество.мк“: Борбата против дезинформации се води со транспарентни институции, активни медиуми и граѓанско општество

За да се минимизираат негативните ефекти на дезинформациите врз демократијата, против нив мораме да се бориме зеаднички. Затоа потребно е институциите да бидат транспарентни, медиумите и граѓанското општество активно да работат на нивно проверување и обелоденување, а воедно треба да се почне и со медиумска едукација за критичко размислување, пишува Порталб.мк. Ова, меѓу другото, беше кажано на панел дискусијата на...

Порталб анализа: Kолкави плати ќе има во министерствата и во судството во 2023 година?

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и в година ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и во 2023 година ќе изнесува 66.900 денари. Порталб.мк ги рангира платите во министерствата, судството и во агенциите. Поголема бруто плата во министерствата  Во Министерството за образование и наука, каде што просечните бруто...

„Порталб“ анализа: Колкави ќе бидат платите в година во агенции, регулатори, државни комисии?

На некои од агенциите, регулаторните тела, државните комисии в година ќе им се зголемат буџетите за исплата на плати, а на некои, пак, ќе се намалат. „Порталб“ во две продолженија ќе објави споредбена анализа за висината на бруто платата по вработен в година, во однос на годинава. Во некои институции пад, во други раст на платата Во Оперативно техничката агенција (ОТА),...

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...