fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Климатските промени го оневозможија почетокот на ски-сезоната на Попова Шапка, загубите се околу 500.000 евра

Климатските промени влијаат врз целиот свет. Ефектите на оваа негативна појава во последно време ги чувствуваат туристичките центри низ цела Европа. Овде кај нас, свој ефект имаат и врз Попова Шапка, најголемиот скијачки центар во земјава. Топлото време и недостатокот на снег го оневозможи навремениот почеток на скијачката сезона, всушност истата сè уште не е започната. За тоа какво...

Порталб анализа: Повисока инфлација и ценовен притисок и во 2023!

Ценовниот притисок ќе продолжи и годинава. Економските аналитичари во однос на владините проценки прогнозираат повисока инфлација. Продолжената неизвесност поради војната во Украина и годинава ќе резултира со високи ценовни нивоа на примарните производи и на енергенсите, пишува Порталб. Цени на нафта, метали, суровини... Странската инфлација во раст, повисок ценовен притисок се очекува кај сите позначајни трговски партнери на земајва, особено во...

Политиката во земјава во 2022 година: Без волја за соработка, со континуирани барања за избори

Од политички аспект, 2022 година беше една мирна година, со континуирани барања од опозициските партии, главно од ВМРО-ДПМНЕ, за одржување на предвремени парламентарни избори, кои Владата не ги прифати, и според нив, нема да има други избори освен оние редовните во 2024 година. По поразот на СДСМ на изборите во октомври 2021 година, кои беа причина за тогашниот премиер...

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос на младите. Висока стапка на...

АНАЛИЗА Нови, ревидирани, прогнози – растот ќе забави, годинава треба да вратиме долг од 845 милиони евра

Забавување на економскиот раст, пониска инфлација во однос на лани, но повисока во однос на првичните прогнози за годинава, буџетското салдо со подлабока дупка... Ова се дел од новите проекции во ревидираната Стратегија за 2023-2025 година (со изгледи за 2027), пишува Порталб.мк.   Почетокот на преговорите со ЕУ – позитивен сигнал за инвеститорите Прогнозата за 4,5 отсто економски раст за оваа нова...

Шведското реноме и предизвиците на претседателствувањето со ЕУ

Приоритетите на шведското претседателство не се изненадување. Тие се континуитет на приоритетите на чешкото претседателство, секако со истакната шведска боја. Концизната програма навестува фокусиран ангажман на административниот апарат и искусната дипломатија на оваа нордиска земја. Меѓутоа, далеку од тоа дека се очекува претседателствувањето да мине без предизвици. Некои од нив доаѓаат од самата политичка констелација внатре во Шведска, а...

Тетово: Негрижата на институциите ќе ги поттикне активистите да се активираат за чист воздух

Новата 2023 година за Тетово започна со еден стар проблем - нивото на загадување на воздухот го надмина прагот на алармирање уште во првите денови. Евидентираниот просек на ПМ-10 честички од 1 до 7 јануари изнесува 133,45 μg/m3 што е над дозволената количина. Просечната среднодневна вредност на ПМ-10 честичките не треба да надмине 50 микрограми за метар кубен, и...

И во 2022 жените беа во сенка на мажите во земјава

Иако сите функционери во Северна Македонија се изјаснуваат дека се за родова еднаквост, според делата и 2022 година беше „машка“ во однос на жените на кои не им беше доделено заслуженото место, особено на високи раководни позиции. Порталб.мк ви носи преглед на проблемите и предизвиците на ова поле кои ја одбележаа годината што ја оставаме зад нас. Родова еднаквост со...

Минатата година во сферата на евроинтеграциите беше успешна за земјава

2022 година може да се смета како успешна година за Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. По многу перипетии, на 19 јули земјава доби зелено светло за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Ова успеа да се случи со интервенирање на Франција, која даде еден предлог за двете земји, што на почеток не беше прифатен од страна на Македонија,...

Општина Чаир ветува дека наскоро ќе ги пренесува во живо седниците на општинскиот совет

Општина Чаир сè уште не започнала со директен пренос на седниците на Советот на општината на каналите на интернет, како што вети градоначалникот Висар Ганиу. Од општината велат дека ја обезбедиле потребната опрема за оваа намена и наскоро ќе назначат и одговорно лице, пишува Порталб.мк. „Еден од приоритетите во однос на транспарентноста и отчетноста е емитувањето на седниците на општинскиот...

Шведско претседателство со ЕУ: Поддршка ќе има, но со „шкрта“ програма за евроинтеграциите на земјава

Претседателството на Европската Унија во ова полугодие ќе го има Шведска, која сега веќе ги обелодени нејзините приоритети. На чело на нив e војната во Украина, конкуренцијата, зелената и енергетската транзиција, демократските вредности и владеењето на правото, а кај ова последново се очекува да се третираат прашањата на Западниот Балкан, пренесува Порталб.мк. Државниот секретар на Секретаријатот за Европски Прашања, Дрита...

Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните

Предизвикот со кој продолжува да се соочува Северна Македонија се реформите во областа на дигитализацијата, поточно напредокот за да биде во чекор со најновите случувања за подобрување на животот на граѓаните, нудејќи им квалитетни, брзи и ефикасни услуги. Во време кога светот и западните земји секој ден се повеќе чекорат напред во оваа насока, земјата и покрај постојаните ветувања...

Општина Тетово лани не успеа да оствари ни 10 отсто од планот за изведба на паркинзи

Општина Тетово не успеа во целост да го реализира планот за изведба на паркинзи во 2022 година. Според годишниот план претставен во јануари минатата година, планирано беше до крајот на 2022 година да се создадат нови 3.090 паркинг места, но во овој период се завршени 284, односно само 7 отсто. Како што информираат од општината, планот не е реализиран...

Тмурна 2022 година: граѓаните немаат доверба во судството, борбата против корупцијата неуспешна

Судството во Северна Македонија и во текот на 2022 година продолжи да биде мета на сериозни критики поради скандалозните одлуки, кои со право кај граѓаните создадоа една перцепција дека во оваа мала земја се казнуваат само оние немоќните. Борбата против корупцијата пропадна, и поради тоа меѓународната заедница и оваа година испрати критики до РСМ, а младите си заминуваат во...

АНАЛИЗА: Дел од институциите со поразителни резултати во однос на капиталните инвестиции во 2022

Некои институции и министерства со забрзано темпо во последниот месец од 2022 година ги „набилдаа“ капиталните инвестиции, но дел се со поразителни резултати – минимално остварување на планираните проекти, пишува „Порталб.мк“ во својата анализа.   Капитални расходи на министерствата Заклучно со ноември 2022, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 59,2 отсто. Само за еден месец, таа се искачува над 75 отсто. Вообичаено е...

Многу пациенти – малку персонал, педијатриското одделение во Струга преоптоварено со пациенти од другите градови

Поради недостиг од лекари педијатри во Охрид сите пациенти на кои им е потребна лекарска помош или хоспитализација се препраќаат во Струга, пишува Порталб.мк. Како што објави порталот на албански јазик, за време на сезоната на разни вирусни заболувања, лекарите во Струга се преоптоварени бидејќи редиците на родителите кои со своите деца чекаат за преглед стигнуваат и до надвор од...

Порталб ретроспектива на годината: Јавната администрација никако да се реформира

И покрај тоа што со години се даваат истите ветувања кои не се реализираат и не стануваат видливи за граѓаните, Северна Македонија продолжува со напорите за реформирање на администрацијата. Јавната администрација во 2022 година, исто како и во 2021 година, беше во центарот на критиките поради бавната динамика на реформите. Администрацијата сè уште се соочува со партизација на институциите...

Џо Бајден не се заколнал дека за Албанците ќе уништува држави

Иако новинарството во основа е благородна професија која има за цел правилно и професионално да ја информира јавноста, често се случува од одредени причини да се излезе надвор од новинарската етика. Дигитализацијата и интернетот доведоа уште повеќе до кршење на професионалната етика, па така секој ден гледаме се повеќе „онлајн“ медиумски содржини кои имаат за цел само кликови. Конкретен...

Комисијата за антидискриминација потврди: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост

Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк. Според КСЗД, со оглед на тоа што Канцеларијата...

На ниски температури, со загаден воздух и меѓу вируси, скопјани се соочуваат со метеж во јавниот превоз

Хаосот со јавниот превоз продолжува да владее во Скопје, откако веќе неколку месеци не се наоѓа решение за стабилизирање на состојбата, додека граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на институциите, кои се законски обврзани да обезбедат редовен и ефикасен јавен превоз во Скопје, пишува Порталб.мк.  Автобуските постојки низ Скопје се преполни со граѓани кои на ниски температури се принудени да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...