АНАЛИЗА Нови, ревидирани, прогнози – растот ќе забави, годинава треба да вратиме долг од 845 милиони евра

-

Забавување на економскиот раст, пониска инфлација во однос на лани, но повисока во однос на првичните прогнози за годинава, буџетското салдо со подлабока дупка… Ова се дел од новите проекции во ревидираната Стратегија за 2023-2025 година (со изгледи за 2027), пишува Порталб.мк.

 

Почетокот на преговорите со ЕУ – позитивен сигнал за инвеститорите

Прогнозата за 4,5 отсто економски раст за оваа нова економска година се стопи на 2,9 отсто. Речиси во сите економски позиции има намален оптимизам за оваа нова календарска година, која, според Министерството за финансии, повторно ќе биде под влијание на голема неизвесност.

„Заострувањето на меѓународните економски и политички односи, предизвикани од војната во Украина, проследени со засилени и долготрајни инфлациски притисоци, очекувања за намалување на глобалната трговија и надворешната побарувачка и заострувањето на глобалните услови за финансирање, го влошуваат глобалниот амбиент и дополнително ја зголемуваат неизвесноста за економските изгледи“, се наведува во ревидираната Фискална стратегија.

Конкретно, во однос на постоечките прогнози, намалување, освен кај економскиот раст, има и кај инвестициите, кои годинава треба да растат со стапка од 5 отсто. Просечната стапка на раст од 8,8 отсто за 2023-2027 се намали на 8,5 отсто. Власта прогнозира дека инвестициите ќе забрзаат, конкретно на приватните фирми, како резултат на зголемената доверба, поинтензивен прилив на странски директни инвестиции и остварување на јавните инвестиции проектирани на високо ниво.

„Членството во НАТО и започнувањето на процесот на преговори со ЕУ ќе имаат дополнително позитивно влијание врз инвестициите“, се наведува во документот.


Во 2024 инфлација пониска од 3 отсто

Иако сите се надеваат дека ќе „попушти“ ценовниот притисок, ризиците остануваат. И во оваа 2023 година, растот на цените ќе го топи животниот стандард.

„Ценовниот притисок ќе биде делумно неутрализиран преку понатамошното усогласување на минималната плата, пензиите, очекуваниот раст на просечната плата, но и преку владините мерки за ублажување на ефектите од ценовниот шок пред се во делот на трошоците за храна и енергија“, наведуваат од Министерството за финансии.

Токму кај инфлацијата е направена и најголема корекција во нагорна линија. Ако со првичната Стратегија се проектираше 3,5 отсто инфлација за годинава, сега прогнозата се искачи на 7,1 отсто. Во 2024, инфлацијата според сегашните нови проценки ќе се сведе на 2,4 отсто.

За себе државата планира да го „стегне ременот за трошење“ – јавната потрошувачка годинава е проектирана на 0,8 отсто.

„Ова е согласно напорите за намалување на неприоритетните буџетски расходи со цел да се обезбеди дополнителен простор за обезбедување на поддршка за приватниот сектор, како и спроведувањето на процес на фискална консолидација преку редизајнирање на јавните расходи“, се наведува во ревидираната стратегија.

Годинава, според новите прогнози, стапката на невработеност ќе изнесува 14 отсто, што е повисока стапка од претходно проектираната од 13,3 отсто.

Буџетскиот дефицит во однос на лани ќе биде подлабок и во апсолутен износ ќе изнесува 693 милиони евра, што е за 100 милиони евра повеќе во однос на планот во првичната Стратегија. Годинава зголемена е и сумата што треба да се отплати – на странските кредитори треба да им вратиме 592 милиони евра, а на домашните 253 милион евра, или вкупно 845 милиони евра.

Новата ревидирана Стратегија на Министерството за финансии ги исцртува краткорочните и среднорочните проценки за македонската економија.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...