АНАЛИЗА: Дел од институциите со поразителни резултати во однос на капиталните инвестиции во 2022

-

Некои институции и министерства со забрзано темпо во последниот месец од 2022 година ги „набилдаа“ капиталните инвестиции, но дел се со поразителни резултати – минимално остварување на планираните проекти, пишува „Порталб.мк“ во својата анализа.

 

Капитални расходи на министерствата

Заклучно со ноември 2022, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 59,2 отсто. Само за еден месец, таа се искачува над 75 отсто. Вообичаено е на крајот од економската година да се забрза остварувањето на јавните инвестиции, но сепак податоците покажуваат дека кај дел од институциите оваа ставка е „под мраз“.

Кај министерствата, позначајна реализација има во Министерство за политички систем кое од 44.000 евра потрошило 93 отсто, Министерството за економија од 11,5 милиони евра за јавни инвестиции потрошило 92 отсто, МВР од вкупните средства во износ од 10,3 милиони евра реализирало 86,3 отсто. Министерството за култура реализирало 66,6 отсто, а Министерството за здравство, кое имаше на располагање 10,7 милиони евра реализирало 63,6 отсто. Министерството за земјоделство од буџетот за капитални расходи во износ од 20,4 милиони евра потрошило 63,5 отсто, Министерството за образование од планираните 22,6 милиони евра реализирало 62,7 отсто, а остварувањето во Министерството за информатичко општество изнесува 61,6 отсто.

Министерството за финансии од вкупниот буџет за капитални инвестиции во износ од 8,6 милиони евра реализирало 57,3 отсто, Министерството за одбрана кое располагаше со еден од поголемите буџети во износ од 40,6 милиони евра, заклучно со крајот на ноември остварило 54 отсто, Министерството за правда 43 отсто, а Министерството за надворешни работи е со 49 отсто реализација на капиталните расходи.

Министерството за транспорт кое располагаше со 118,4 милиони евра за капитални расходи, на крајот на ноември реализирало само 33 отсто, а Министерството за животна средина 32,2 отсто. Министерството за труд и социјална политика е со послаба реализација, од 12,3 милиони евра потрошило само 27 отсто, а дебакл има во Министерството за локална самоуправа, со остварување од само 8,4 отсто.

Капитални инвестиции на институции

Од 92.000 евра за капитални расходи, Претседателот на државата реализирал само 34,1 отсто, незначителни 11,8 отсто е остварувањето на Собранието, кое располагаше со средства во износ од 1,5 милион евра, а Владата пак од скоро 90 милиони евра потрошила 65,5 отсто.

Институции со повисок степен на реализација се Агенцијата за разузнавање 99,2 отсто, Државен завод за ревизија 79 отсто, Дирекција за заштита и спасување од 1,4 милион евра потрошила 93,3 отсто, во Агенцијата за ветеринарство од 2,3 милиони евра остварувањето изнесува 88 отсто, Агенцијата за млади и спорт е со реализација од 77,6 отсто, а Дирекцијата за слободни економски зони со 54,8 отсто.

Пониско ниво на реализација на капиталните расходи заклучно со крајот на ноември има во Царина каде од 1,6 милион евра потрошени се 21 отсто, ДКСК 11,7 отсто, Државната изборна комисија 5 отсто, Дирекција за заштита на лични податоци 6,5 отсто, од вкупниот буџет за капитални расходи во износ од 4 милиони евра, безбедносната агенција ОТА потрошила само 13,3 отсто, Уставен суд само 8,3 отсто, Секретаријатот за европски прашања од 246.000 евра реализирала само 3,5 отсто, Агенцијата за примена на јазикот од 101.000 евра потрошила само 1,7 отсто, а УЈП од 2,1 милион евра потрошила само 0,4 отсто. Има институции кај кои остварувањето е пониско од 2 отсто или воопшто нема, и тие главно располагаат со скромни буџети за капитални инвестиции.

ИзворПорталб

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...