fbpx

На ниски температури, со загаден воздух и меѓу вируси, скопјани се соочуваат со метеж во јавниот превоз

-

Хаосот со јавниот превоз продолжува да владее во Скопје, откако веќе неколку месеци не се наоѓа решение за стабилизирање на состојбата, додека граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на институциите, кои се законски обврзани да обезбедат редовен и ефикасен јавен превоз во Скопје, пишува Порталб.мк. 

Автобуските постојки низ Скопје се преполни со граѓани кои на ниски температури се принудени да ги чекаат автобусите што доцнат и не го почитуваат распоредот од возниот ред што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) го има објавено на неговата веб-страница. 

Болните немаат можност навреме да одат на лекар, работниците доцнат на работа, исто како и учениците и студентите на предавањата. Ова не е прашање само за работење на претпријатие во градот, туку е прашање за третман на граѓаните кои заслужуваат да живеат достоинствено и во нормални услови. 

Долгите чекања на автобусите стануваат уште потешки во ситуација кога Скопје веќе неколку дена е на „топ-листата“ на најзагадени градови во светот, а по вклучувањето на прагот на алармирање, во периодот од 26 декември напладне до крајот на 27 декември, по препорака на Министерството за животна средина, беше донесена одлуката јавниот превоз во Скопје да биде бесплатен. 

Во отсуство на редовен јавен превоз, граѓаните се принудени да патуваат со возила, што дополнително придонесува за зголемување на загаденоста на воздухот, но и за влошување на сообраќајниот хаос. Но, не секој ја има таквата можност. Поскапо е да се патува за дневни потреби со лично возило, додека со такси е уште поскапо. 

Воедно, во автобусите кои ги чекаат подолго време, граѓаните се принудени да се туркаат и да патуваат згужвани еден до друг со километри, во овој период кога има поголема трансмисија на вируси и други лесно преносливи болести. 

Но, често се случува граѓаните кои толку долго чекале автобус да не можат ни да се качат во него, затоа што во преполните автобуси едноставно нема место.

Порталб.мк испрати прашања до ЈСП-Скопје за непочитувањето на распоредот на линиите на јавниот превоз, но до објавувањето на овој текст немаат испратено одговор. 

Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
udemy paid course free download
download lava firmware
Download WordPress Themes
lynda course free download