fbpx
Таг: обвинителство

таг: обвинителство

Обвинителството поднесе жалби на одлуката за суспендирање на „бомбите“

Основното јавно обвинителство, до истекот на предвидениот рок, поднесе жалби на одлуката на судијата на предходна постапка да ги суспендира, односно да ги прогласи за неважечки како докази снимките од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Од Основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека Основното јавно обвинителство обжалило „вкупо 21 решение на судијата на претходна постапка кој одлучуваше по однос...

Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

По дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот суд Скопје 1 велат дека одлуката на судијата е законска и во оваа фаза од...

Специјалниот обвинител во стечај уште пред да биде избран?

Сериозно е поткопан Договорот од Пржино со вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1, кој ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против премиерот и неколку министри во Владата. Како што информираат извори упатени во целиот процес, ако се случи ова, специјалниот јавен обвинител нема да има што да работи,...

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево - село Количани, кај местото Локва. Според обвинителството, идентитетот на двете лица, кои...

Обвинителство: Сослушувањето на кумановската група е во финална фаза

Сослушувањето на осомничените од кумановските настани од 9 мај годинава, е во финална фаза, а неколкумина од нив треба да бидат сослушани од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција во текот на оваа недела, соопштија за „Мета“ од Јавното обвинителство. Од Обвинителството велат дека по комплетирањето на доказите, тие ќе им бидат дадени на...

Неделава продолжува сослушувањето на уапсените од кумановската група

В среда и в четврток оваа недела, продолжува сослушувањето на уапсените во полициската акција во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај, кои во моментов издржуваат притвор во затворите во Прилеп и во Битола, објави телевизијата „Алсат-М“. Како што пренесува телевизијата, процесот беше блокиран бидејќи притворените одбиле да дaдат изјави пред обвинителството да им ги презентираат доказите против...

Притвор за осомничениот за убиството на Аргетим Асани

Судија на претходна постапка од струшкиот основен суд му одредил мерка притвор на 23-годишниот стружанец осомничен за убиството на заменик-директорот на Упрвата за јавни приходи (УЈП), Аргетим Асани (42), кое се случи викендов. Од Обвинителството информираат дека се прибираат докази за расветлување на убиството. „Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга ги презеде потребните дејства за расветлување на вооружениот напад, кој...

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње. Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со огнено оружје. Во престрелката загинало едно лице, Џ.Р. (45) , а повредени се Ш.З. и Г.Р.,...

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од судот. Обвинителниот акт против...

Притворен возачот за сообраќајката кај „Зебра“

На возачот, кој во вторникот вечерта со својот автомобил предизвика сообраќајна несреќа и ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска, одредена му е мерка притвор од 30 дена, соопшти обвинителството. „Во рамки на истрагата за сообраќајната несреќа, на 10 јули 2015 година (денеска), пред надлежниот обвинител беше доведен осомничениот со неговиот бранител. Надлежниот обвинител потоа достави предлог за определување на мерката...

Возачот што ја усмрти новинарката кај „Зебра“ имал 2,41 промили алкохол во урината

Анализата на крвта и на урината на возачот што завчера вечерта во сообраќајка ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, кај трговскиот центар „Зебра“, покажала дека тој бил под дејство на алкохол, а во урината биле најдени траги од марихуана, соопшти Обвинителството. „Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и на урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под...

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров. „Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а...

ЛГБТИ-заедницата постави посмртен венец пред канцеларијата на Марко Зврлевски

Мораториум со Основното јавно обвинителство и прекинување секаква соработка, денеска прогласија активистите на ЛГБТИ-центарот при Хелсиншкиот комитет, поради неразрешените шест напади врз нивниот центар. Тие поставија посмртен венец за работењето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, за да го искажат револтот поради неразрешените случаи на брутални напади кои се случија во изминатите три години.

Се сеќава ли некој на случајот „Пуч“?

Советот на Кривичниот суд за оцена на обвинителниот акт за случајот „Пуч“ нема законски определен рок до кога треба да се произнесе по обвинението и да одлучи дали ќе го пушти во понатамошна постапка и ќе се закаже судење или, пак, ќе му го врати на Обвинителството, како што побара одбраната. Иако дел од медиумите на 1 јуни, по седницата...

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè уште има многу неодговорени прашања,...

За битолскиот градоначалник, истрагата на Обвинителството е негова лична работа

Битолскиот градоначалник Владимир Талески смета дека истрагата што Обвинителството ја отвори против него е негова лична работа. Тој денеска повторно беше јавно прашан од опозициските советници во битолскиот Совет зошто се води истрага против него и кои сè документи се одземени од Општината во интерес на истрагата. На тоа, Талески ѝ забележа на опозицијата дека најголемиот дел од нивните прашања се однесуваат...

Косово: Почна истрага за уапсените во судирите во Куманово

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека почнало истрага за уапсените во вооружените судири во Куманово, јавува српскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Првите истражни активности за случајот почнале пред судирите во Македонија поради сомнеж дека неколку лица планирале кривични дела на Косово. Претресени се куќите на неколку осомничени, чии имиња не се наведени, а акцијата е извршена на 15 мај. Во соопштението...

Пасошот на Заев му е вратен трајно, смее да патува, освен во понеделник

„Престанува потребата поради која била определена мерката претпазливост со одземање на пасошот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а останува мерката обвинетиот секој понеделник да се јавува во Основниот суд во Струмица.“ Со оваа одлука, која ја донесе второстепениот суд пред една недела, Заев може да патува надвор од државата каде што сака - освен во понеделник! Од СДСМ информираат дека оваа одлука значи...

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во текот на акцијата? Колку припадници...

Обвинителството ги испитува причините за излетувањето на автобусот кај Демир Хисар

Десет лица биле повредени во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излета од патот. Од Обвинтелството денеска соопштија дека кај возачот на автобусот лекарите констатирале тешки телесни повреди, а девет патници поминале со полесни повреди. Увид на местото на несреќата извршил надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола. „Надлежниот обвинител...