fbpx

Притвор за осомничениот за убиството на Аргетим Асани

-

Судија на претходна постапка од струшкиот основен суд му одредил мерка притвор на 23-годишниот стружанец осомничен за убиството на заменик-директорот на Упрвата за јавни приходи (УЈП), Аргетим Асани (42), кое се случи викендов.

Од Обвинителството информираат дека се прибираат докази за расветлување на убиството.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга ги презеде потребните дејства за расветлување на вооружениот напад, кој се случи во Струга, по кој животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачење на оружјето, трагите од местото на настаот, за вршење обдукција над починатиот, за прибирање докази и факти за расветлување на убиството. Осомничен за нападот е 23-годишен стружанец, на кој по предлог на надлежниот обвинител му е определена мерка притвор од судија на претходна постапка при Основниот суд Струга“, стои во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...