fbpx

Полицијата изнесе повеќе детали околу вчерашното убиство во Струга

-

Поради постоење основи на сомневање за сторени убиства и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К. (23) од струшкото село Велешта.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера околу 13.15 часот, пријавениот на улицата од пиштол истрелал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга.

Настанот се случил кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во тој момент, од патничко моторно возило марка „голф“ со сребрена боја, излегол сега пријавениот и од пиштол истрелал 14 куршуми кон Аргетим А., кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото одделение во болницата во Струга.

По извршениот криминалистичко-технички увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител, и по други преземени мерки, полициските службеници извршиле претрес во домот на сега пријавениот А.К., при што во дворот забележано е едно патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски таблички. Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција (оружјето со кое е извршено кривичното дело). Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...