fbpx

Притворен возачот за сообраќајката кај „Зебра“

-

На возачот, кој во вторникот вечерта со својот автомобил предизвика сообраќајна несреќа и ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска, одредена му е мерка притвор од 30 дена, соопшти обвинителството.

„Во рамки на истрагата за сообраќајната несреќа, на 10 јули 2015 година (денеска), пред надлежниот обвинител беше доведен осомничениот со неговиот бранител. Надлежниот обвинител потоа достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзино изрекување. Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка, па на осомниченото лице судот со решение му изрече мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението на Обвинителството.

Вчера оттаму соопштија дека анализата на крвта и на урината на 37-годишниот скопјанец покажала дека во моментот на сообраќајката, тој бил под дејство на алкохол, а биле детектирано и присуство на марихуана во организмот.

Според Обвинителството, тој имал 1,52 промили алкохол во крвта, а во урината 2,41 промили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...