fbpx

„Жито Прилеп“ почнува со откупот на пченица

-

Најголемиот откупувач на пченица во пелагонискиот регион, „Жито Прилеп“ АД, на 15 јули (среда) ќе почне со откуп на меркантилна пченица од реколтата 2014/2015 година, во согласност со претходно утврдените критериуми и мерила за откуп на пченицата.

– Пченицата ќе се откупува врз основа на претходно испитани параметри како влага, хектолитарска тежина и примеси, така што ќе се дели на три класи. Пченицата од прва класа со хектолитарска тежина од 80 и повеќе од 80 ќе се откупува по цена од 11 денари по килограм, за пченица од втора класа со хектолитарска тежина од 76 до 79,9 производителите ќе добијат 10 денари по килограм. За пченицата со најниски параметри, односно хектолитарска тежина од 74 до 75,9 ќе бидат исплатени по 9 денари за еден килограм – рече сопственикот на компанијата, Николас Атанасоски.

Плаќањето на откупената пченица, додаде тој, ќе се врши според веќе утврдените критериуми наведени во договорот за откуп на меркантилна пченица.

Пелагонија како најголема житница во Македонија беше погодена од поплави кои нанесоа огромна штета на посевите со пченица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...