fbpx

Обвинителство: Сослушувањето на кумановската група е во финална фаза

-

Сослушувањето на осомничените од кумановските настани од 9 мај годинава, е во финална фаза, а неколкумина од нив треба да бидат сослушани од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција во текот на оваа недела, соопштија за „Мета“ од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството велат дека по комплетирањето на доказите, тие ќе им бидат дадени на увид на осомничените и на адвокатите на одбраната.

„Во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, сослушувањето на осомничените е во финална фаза, неколкумина од осомничените во текот на наредните денови треба да бидат сослушани. По комплетирање на доказите, пред завршување на истражната постапка, истите ќе им бидат дадени на увид на осомничените и на одбраната“, стои во одговорот на Јавното обвинителство на нашите прашања: Дали е завршена истрагата за случајот? Дали е завршено сослушувањето на осомничените и сведоците? Дали на осомничените им е даден увид во доказниот материјал?Кога најрано може да се очекува покренување на обвинителен акт против осомничените во кумановските настани?

Во полициската акција, која пред точно три месеци, односно на 9 и на 10 мај, беше спроведена во кумановско Диво Насеље, загинаа осум припадници на специјалните полициски сили, а 37 беа ранети. Во акцијата беа ликвидирани десетмина припадници на вооружена група, а триесетина беа уапсени и осомничени за тероризам. Неколку дена по акцијата, тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јакулоска, и поранешниот директор на Упрвата за безбедост и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, си поднесоа оставки.

Кумановските настани предзвикаа колективен шок во државата, дел поради сериозноста на заканата, дел поради контрадикциите, шпекулациите и прашањата кои и по три месеци, сè уште остануваат неодговорени од надлежните институции:

  • Кои биле вистинските мотиви и цели на кумановската група?
  • Дали станува збор за чисто криминална или за терористичка организација?
  • Доколку се терористи, зошто не излегоа со коминике и со некакви политички барања?
  • Ако безбедносните служби подолго време ја следеле групата и навреме известиле за неа, како што тврди Агенцијата за разузнавање, зошто не бил превениран судирот во Куманово и претходно нападот на караулата Гошинце?
  • Кое е кодното име на полициската акција во Куманово?
  • Дали во настаните биле вмешани странски служби?

Во меѓувреме, повеќемина домашни политичари побараа за кумановските настани да се покрене меѓународна истрага, за да се види улогата на сите фактори во акцијата. Слична препорака, кон средината на јули, испорача и Меѓународната кризна група (МКГ). Оттаму побараа македонско-косовска истрага, со помош на експерти од Европската унија (ЕУ) и од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...