fbpx

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

-

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство.

Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево – село Количани, кај местото Локва.

Според обвинителството, идентитетот на двете лица, кои биле пронајдени на возачкото и на совозачкото седиште, сè уште не е утврден. Министерството за внатрешни работи, во извештајот за дел од дневните настани, пак, соопшти дека идентитетот на еден од мажите е утврден и дека станува збор за 28-годишниот Светислав Р. од Кичево, кој вчера бил пријавен за исчезнат.

Како што информираат од обвинителството, во возилото, до телото на еден од починатите, бил пронајден пиштол „ТТ“, калибар 7,52 милиметри.

„По наредба на јавниот обвинител, телата се дадени на обдукција. Ќе следи и донесување наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот“, стои во соопштението на обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...