fbpx
Таг: обвинителство

таг: обвинителство

Поднесен обвинителен предлог против 12 демонстранти од 5 мај

Скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен предлог против четворица демонстранти, кои беа приведени од полицијата за време на протестите против полициската бурталност, што се одржаа на 5 мај пред Владата, соопшти судот. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. „Обвинителниот предлог е распределен кај надлежен судија кој ги ценеше...

Обвинителство е ова или решето?

Од почетокот на политичката и институционална криза во земјата, која својата увертира ја имаше во акцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) „Пуч“, досега во јавноста протекоа повеќе видеоснимки и материјали направени со посебни истражни мерки (ПИМ), по налог на правосудните органи, а Јавното обвинителство не направи ништо да го запре или, можеби, прави сè објавувањето на материјалите да...

Заев: Груевски си ја спасува кожата со пуштање снимки од ПИ-мерки

„Соочен со сопствениот очај, за да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите и денеска сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка“, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а во врска со снимката што денеска се појави на видеосервисот „Јутјуб“, насловена „Зоран Заев бара мито“. Според Заев, снимката...

Обвинителството одреди мерка притвор за заробените терористи

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор. Осомничените се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, од член 313, и за здружување заради непријателска дејност, од член 324 од Кривичниот...

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по примената кривична пријава...

Случај „Младенов“: Две години сомнежи и неодговорени прашања

На 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром, беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје – Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу прашања поврзани со смртта...

Обвинителството во Битола отвори предмет за „бомбата“ против Талески

Јавното обвинителство во Битола отвори предмет за една од „бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која се однесува на работењето на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Извори од обвинителството во Битола за новинската агенција „Мета“ потврдуваат дека предметот бил отворен веднаш по презентирањето на аудиоснимките од СДСМ, во кои се слуша разговор помеѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката...

Уште двајца судии осомничени во „Јустиција“ се спогодиле со Обвинителството

Oбвинителот од скопското јавно обвинителство надлежен за случајот „Јустиција“ постигнал спогодба со уште двајца осомничени судии, од кои едниот активен, а другиот во пензија, опфатени со предметот, соопштија од Јавното обвинителство. Пензионираниот судија се спогодил на условна казна затвор од една година, додека неговиот колега, кој активно ја вршел функцијата, по спогодбата е осуден на две години условна казна затвор. „Осомничениот...

Скопјанец осомничен за полов напад на осумгодишно девојче

Битолската полиција поднела кривична пријава, а судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена на Р.Ч. (41), осомничен дека во февруари оваа година извршил полов напад над осумгодишно дете. Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежното Основно јавно обвинителство Битола почнало предистражна постапка против осомничениот, кој, како што информираат оттаму, бил родум од Скопје, а делото за кое се...

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката во која загина Петар Милошевски

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен предлог за сообраќајната несреќа во која животот го загуби спортскиот директор на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, која се случи на 13 март минатата година, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, соопшти обвинителството. Како што информираат оттаму, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е обвинет возачот на...

Обвинителството се договори со двајца обвинети судии од случајот „Јустиција“

Јавното обвинителство денеска соопшти дека надлежниот обвинител постигнал спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“. „Денеска спогодбата е верификувана и од Основниот суд Скопје 1, кој во согласност со договореното, со пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично...

МВР не отвора „Јутјуб“

„На барање на Обвинителството, ние уште тогаш реагиравме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати, а ако се уште таму, веројатно некој повторно ги поставил“, вели за „Мета“ Иво Котевски, помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), за спорните видеоснимки од тајната средба меѓу лидерот на опозцијата, Зоран Заев, и претседателот на Владата, во премиерскиот кабинет,...

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие, како и тоа дали се работи за истото оружје со кое беше гранатиран објектот на...

Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојатно ќе бара нови шест месеци за финализирање. Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат...

Обвинителството за 15 дена треба да одлучи дали ќе покрене обвинение за „Пуч“

Истражаната постапка за случајот „Пуч“ е завршена со вчерашниот последен распит на осомничените, меѓу кои и опозицискиот лидер Зоран Заев, како четвртоосомничен, и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски. Според законските прописи, сега јавниот обвинител има рок од 15 дена да покрене обвинителен акт.  

Заев на распит во Обвинителството за поткуп од 200.000 евра

На распит во Јавното обвинителство денеска треба да се јави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој е повикан поради обвинувањата за корупција, под сомнеж дека побарал 200.000 евра мито од бизнисмен во Струмица. За ова дело Заев беше во обвинителството во петокот. За медиумите тој изјави дека случајот е обид за местење, нарачан од власта. Сепак, тој истакна дека одговорил на поканата...

Заев на распит во Обвинителството

На распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ денеска треба да се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“. Покрај него, осомничени се и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга и вработен во Општина Струмица. Досега во овој случај има еден осуден, вработен во МВР,...

Заев во Обвинителството на распит

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува „Прес 24“ (Press24). Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума пари од извесен струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште. Тој, повеќепати беше повикан во врска...

СДСМ поднесе нова кривична пријава против Груевски, Јанакиески и Трајановски

До Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, СДСМ денеска поднесе кривична пријава против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејства, во врска со парцелите на Водно. Кривичните дела за коишто е поднесена приjавата се злосторничко здружување, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување. - Како доказен материјал...

Две години без Младенов: Нè остави без да ни каже зошто

Точно пред две години, на 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје - Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи многу...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...