fbpx

Заев: Груевски си ја спасува кожата со пуштање снимки од ПИ-мерки

-

„Соочен со сопствениот очај, за да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите и денеска сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка“, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а во врска со снимката што денеска се појави на видеосервисот „Јутјуб“, насловена „Зоран Заев бара мито“.

Според Заев, снимката единствено можела да „протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР“ и побара од Обвинителството да ја објави целосната снимка.

– Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка. Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост. Од овие причини, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да ја објави целосната снимка – рече Заев.

Тој посочи дека целосната снимка покажува дека парите за кои станува збор, се однесуваат за градежни материјали за изградба на соборниот храм во Струмица, која, како што рече Заев, се изведува преку донација од фирми и од граѓани на сметка на храмот, купување градежни материјал и донирање готови пари за нивно купување.

– Протекувањето на оваа и на другите снимки набавени со посебни истражни мерки (ПИМ) во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавец Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...