fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту рекет, ниту местење тендери и Заев го знае тоа

-

„Заев презентираше режирани и сечени материјали кои не докажуваат ништо криминално и ништо што не е во согласност со законите. Неговото воведно обраќање претставува манипулација и наведување во целосно погрешен контекст, кој единствено му одговара на Зоран Заев“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата.

„Затоа тој имаше денеска подолг наратив од самите креирани материјали што ги пушта во јавноста. Тој спомена дека биле организирани авионски линии за пренесување гласачи, а, всушност, зад тоа стои организирање авиони за следење на европското првенство во кошарка, нешто за што беше информирана и целата јавност и се одвиваше низ комплетно транспарентен процес. Потоа Заев сакаше да престави дека била направена незаконитост со заплена на компјутери, а, всушност, станува збор за опрема која е одземена и по направените проверки постои обврска истите да бидат вратени, што и било направено“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „мерцедесот“, за кој се зборуваше во дел од снимките што денеска ги објави опозицијата, Заев го спомнувал во целосно „неточен и манипулативен наратив“ и дека не станувало збор за автомобил на премиерот Никола Груевски, туку за возило сопственост на Република Македонија.

„Се користи за опслужување на високи странски гости, делегации и политичари. Автомобилот е блиндиран, што ја објаснува и неговата вредност. Поради фактот што возилото во кое се вози премиерот е старо повеќе од 20 години, новиот автомобил се користи при посети на премиерот надвор од Скопје или во случаи кога старото возило што го користи е на поправки или сервис. Самите креирани материјали не се соодветни со фактичката состојба. Нема ниту рекет, ниту местење тендери. Зоран Заев е свесен за тоа и затоа отворено манипулира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...