fbpx

Уште двајца судии осомничени во „Јустиција“ се спогодиле со Обвинителството

-

Oбвинителот од скопското јавно обвинителство надлежен за случајот „Јустиција“ постигнал спогодба со уште двајца осомничени судии, од кои едниот активен, а другиот во пензија, опфатени со предметот, соопштија од Јавното обвинителство.

Пензионираниот судија се спогодил на условна казна затвор од една година, додека неговиот колега, кој активно ја вршел функцијата, по спогодбата е осуден на две години условна казна затвор.

„Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година затвор, којa нема да се изврши доколку во време од три години осомничениот не стори ново кривично дело. Надлежниот обвинител од Oсновното јавно обвинителство Скопје склучи спогодба и со осомничено лице – судија, за несовесно работење во службата. Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 изрече пресуда со која осуденото лице го казни со казна затвор во времетраење од две години која нема да се изврши, доколку во рок од четири години осуденото лице не стори ново кривично дело“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Како што се додава во соопштението, спогодбите биле верификувани од Основниот суд Скопје 1, кој во согласност со спогодбата, со пресуда на осомничените им ги изрекол договорените казни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...