fbpx
Таг: обвинителство

таг: обвинителство

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат снимки од...

Ангелов на протест пред Јавното обвинителство

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска во 12 часот протестираше пред Јавното обвинителство со десетици истомисленици. Тој побара средба од обвинителот Марко Зврлевски и одговор за тоа дали издал забрана за објавување на снимени материјали.

Опозиционерите доставија нови снимки до обвинителството

Пет члена на високите раководства на опозициската коалиција денеска до Jавното обвинитество ги доставија материјалите од нивни прислушувани разговори, како што тврдат, по директива на власта, а како проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе пред неколку недели. Професорот и кандидат за претседател на СДСМ на последните претседателски избори, Стево Пендаровски, изрази надеж дека доказите што...

ЛДП: Обвинителство да поведе истрага за работењето на битолскиот градоначалник

Обвинителството да поведе истрага за аудиоснимките на кои министерот Ставрески зборува за криминал во работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побара денеска опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) од Битола. Советникот на ЛДП, Александар Касапов, вели дека по зборовите на Ставрески дека во Битола е склучен „коруптивен договор до даска“ за бесплатниот превоз на учениците со превозникот „Транскоп“, јавноста од Талески најмалку...

Еден од обвинетите во „Пуч“ осуден на три години затвор

Основниот суд Скопје 1 денеска донел правосилна пресуда против З.К., еден од обвинетите во случајот „Пуч“, по поднесена предлог-спогодба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. „По поднесување предлог-спогодба од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено...

Заев даде исказ пред обвинителството за неговата пријава, за „Пуч“ уште не го повикале

Нешто повеќе од еден час траеше исказот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред надлежниот јавен обвинител во врска со пријавата што СДСМ ја поднесе против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица за неовластено прислушување. - Бев повикан како сведок, односно оштетена страна по однос на пријавата поднесена од...

Заев во 12 часот ќе дава исказ во обвинителството за пријавата на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во 12 часот, во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ како сведок-оштетен во постапката по кривичната пријава што СДСМ ја поднесе за неовластено прислушување. Кривичната пријава е поднесена против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица, за неовластено прислушување.

ЗНМ ги осуди заканите на Обвинителството кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите за кривичен прогон на новинарите, упатени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ако објавуваат материјали што можат да станат предмет на кривична постапка. „Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено затоа што дрско бара да се укине улогата на медиумите како коректив на властите во едно демократско...

Обвинителството ќе проверува како протеклa видеоснимката, другите материјали од „Пуч“ забранети

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во сопштение вели дека во согласност со своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и со околностите под кои материјалите од средбата помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, дошле до медиумите. Обвнителството побара од МВР да...

На Заев ќе му биде одземен пасошот?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да биде приведен, туку, како мерка, ќе му биде одземен пасошот, неофицијално се дознава од Јавното обвинителство. Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, уапсен пред две недели, и со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за...

Новинарските здруженија се шокирани од одлуката на Обвинителството за Кежаровски

По одлуката на Обвинителството да ја обжали одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, реагираа од еснафските здруженија. Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, вели дека е изненадена и шокирана од оваа одлука. - Го чекаат последниот ден и во петок реагираат, сакајќи да ги намалат или минимизираат реакциите. Илузорно е поради тоа да...

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага против вработени во Управата за животна средина

Оновното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по кривична пријава на Одделението за сузбивање организиран криминал во МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, поради постоење основано сомневање дека ги злоупотребиле службената положба и овластување. Првообвинетиот како поттикнувач, а останатите како соизвршители, се товарат дека сториле продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи во временски период од...

Одбиено барањето на обвинителството за враќање на Шешељ во Хаг

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го отфрли барањето на обвинителството за обвинетиот за воени злосторства Воислав Шешељ, кој е на привремена слобода, да се врати назад во притвор во Хаг, беше потврдено во канцеларија за медиуми на Хашкиот трибунал. Како што јавуваат српските медиуми, Судскиот совет во образложението на одлуката наведува дека обвинителството не поднело жалба на одлуката за пуштање...

Oбвинение за двајца полициски инспектори за случајот со трикратното убиство во Кавадарци

Јавното обвинителство Кавадарци поднело обвинителен предлог против двајцата полициски инспектори, обвинети дека при постапувањето по претходни пријави, не му го одзеле оружјето на кавадарчанецот Т.С. кој на 9 ноември изврши тројно убиство. Како што информираат од Обвинителството, поведувањето на постапката е по кривична пријава поднесена од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, за кривичните дела несовесно работење...

СДСМ: Груевски го прегази Јавното обвинителство

Никола Груевски најдиректно, јавно згази по законските должности на Јавното обвинителство, се вели во реакцијата од СДСМ по изјавата на премиерот Никола Груевски. „Каква истрага, какви институции. Се разоткри обвинителот, истражниот орган, судот во оваа држава. Со денешната изјава, Груевски потврди дека никој подобро од него и од неговата најблиска соработничка Јанкулоска не се разбира од машинерија. Тие се експертите, за машина, машинче...

ЛГБТ-заедницата повторно протестираше пред Јавното обвинителство

„Истрагата е во тек - до кога“ и ужасни звуци од кршење стакло можеа да се слушнат денеска пред објектот на Основно јавно обвинителство. Со ова, активистите за човекови права сакаа да ја доловат атмосферата што се случи пред неколку недели во кафулето „Дамар“, кога дваесетина хулигани го демолираа кафулето за време на роденденската прослава на ЛГБТ-заедницата. Ова е четврти...

Протест на НМХТ пред Јавното обвинителство

Денеска, со почеток од 12. часот, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), ќе организира протест пред просториите на Јавно обвинителство во Скопје, на кејот Димитар Влахов. Целта на протестот е истакнување на потребата за ефикасен пристап до правда за сите граѓани на Република Македонија, без оглед на нивните различности. Протестот ќе биде перформативен, со траење од 15 минути. „Бараме јавна осуда од премиерот...

Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

Во надлежното јавно обвинителство во Скопје пристигнала кривичната пријава, поднесена од МВР, за сообраќајната несреќа во која загина малолетник, на раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај, во близина на Католичката црква, информираат од јавното обвинителство. За несреќата е осомничено 20-годишното момче што управуваше со џипот, марка „фолксваген туарег“. - Надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истрага...

Обвинителството уште го истражува гранатирањето на владата, коминикето не го добиле

Три недели по нападот, во кој два проектили завршија во фасадата на владината зграда на Илинденска, од обвинителството за агенцијата „Мета“ велат дека предистражната постапка за случајот продолжува и дека се преземаат сите мерки за откривање на напаѓачите. Во дописот од Јавното обвинителство, нападот, што се случи на 28 октомври, е оквалификуван како инцидент. - Надлежното јавно обвинителство ги презема сите...

Денеска протест на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред Јавното обвинителство

Под мотото „Правда за сите, различни, еднакви, слободни“ националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), денеска во 12 часот ќе организира протест пред просториите на Јавното обвинителство во Скопје. Протестот ќе трае 15 минути и со него нема да биде ограничено движењето на граѓаните, а неговата цел е да се истакне потребата за ефикасен пристап до правда за сите граѓани, без оглед на нивната различност. НМХТ...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...