fbpx

МВР не отвора „Јутјуб“

-

„На барање на Обвинителството, ние уште тогаш реагиравме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати, а ако се уште таму, веројатно некој повторно ги поставил“, вели за „Мета“ Иво Котевски, помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), за спорните видеоснимки од тајната средба меѓу лидерот на опозцијата, Зоран Заев, и претседателот на Владата, во премиерскиот кабинет, снимени минатата есен со посебни истражни мерки (ПИМ).

Котевски ни рече дека не знае дали снимките сè уште ги има на видеосервисот, но, ако е така, „Министерството веднаш ќе постапи“ ако Обвнителството повторно му наложи на МВР да побара од „Јутјуб“ да бидат тргнати.

Сепак, од она што може да се види на „Јутјуб“ на каналот  „хохо лол“ (hoho lol), од податоците што покажуваат колку време видеозаписите се таму, произлегува дека тие се цело време таму.

Така за првите две снимки, насловени „Вистината на виделина 1 и 2“, стои дека се на сервисот веќе два месеци, а беа поставени на почетокот од февруари. Другите два видеозаписи кои се на истиот канал, именувани „Анкети“ и „Признание за поразот“, на „Јутјуб“ се околу еден месец, што според податоците на видеосервисот значи дека не биле повторно поставени.

И видеоснимките од разговор меѓу Љубе Бошкоски и наводниот грчки државјанин, на каналот „Чкљ Чкљ“(Chklj Chklj) се околу еден месец, односно од времето кога беа и поставени.

Обвинителството на почетокот на февруари му наложи на МВР да побара од „Јутјуб“ да ги тргне снимките, но оттогаш се појавија нови снимки на видеосервисот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...