fbpx

Поднесен обвинителен предлог против 12 демонстранти од 5 мај

-

Скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен предлог против четворица демонстранти, кои беа приведени од полицијата за време на протестите против полициската бурталност, што се одржаа на 5 мај пред Владата, соопшти судот.

Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство.

„Обвинителниот предлог е распределен кај надлежен судија кој ги ценеше фактите и доказите приложени во предлогот на Основното јавно обвинителство – за продолжување на мерката притвори и оцени дека се исполнети условите што произлегуваат од одредбите на Законот за кривична постапка, па на Б.Ј., С.П. и на Б.Т. им ја продолжи мерката притвор за 30 дена, додека на А.Т. му ја укина мекрата притвор и му определи мерки за претпазливост“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Од Обвинителството денеска соопштија дека бил поднесен обвинителен предлог и за „втората група учесници во протестите“.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ стои во соопштението од Обвинителството, во кое се додава дека за седум од обвинетите бил поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден продолжување на куќниот притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...