петок, 17 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: ОсновенСудСкопје1 | 33 резултати

Притворени седуммина од уапсените во полициската акција „Удар“

октомври 9, 2015

На седуммина од вкупно 11 приведени во вчерашната полициска акција, со оперативно име „Удар“, судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Според информациите, дел од осомничените се товарат за злостроничко здружување и за злоупотреба на службената положба, а дел за изнуда, лихварство и за криумчарење […]

Странците му се најверниот сојузник на специјалниот обвинител

септември 4, 2015

Расправата што овие три дена ја водат дел од правните експерти, опозицијата и Основниот суд Скопје 1 околу законитоста на суспендирањето на снимките од „бомбите“ на опозицијата како доказен материјал, во „жижата“ на мегданот, за момент, ги фрли и медиумите. Основниот суд Скопје 1 завчера испрати соопштение во кое ја брани одлуката на судијата на претходна […]

Обвинителството поднесе жалби на одлуката за суспендирање на „бомбите“

септември 4, 2015

Основното јавно обвинителство, до истекот на предвидениот рок, поднесе жалби на одлуката на судијата на предходна постапка да ги суспендира, односно да ги прогласи за неважечки како докази снимките од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Од Основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека Основното јавно обвинителство обжалило „вкупо 21 решение на судијата на претходна […]

Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

септември 3, 2015

По дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот суд Скопје 1 велат дека одлуката на судијата е законска и […]

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

септември 2, 2015

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти […]

Судот ги одмрзна сметките на „Макпетрол“

август 20, 2015

Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 донесе одлука да ги одмрзне сметките на „Макпетрол“ и „Оилко“ и наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на нивните сметки. „Кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното […]

Случајот „Ровер“ вторпат падна на Апелација, ќе има ново судење

август 7, 2015

Скопскиот Апелациски суд вторпат ја укина пресудата на првостепениот суд за случајот „Ровер“ и го врати предметот на повторно судење. Основниот суд Скопје 1, вчера го примил решението на Апелацискиот суд во врска со предметот, соопштија од скопскиот кривичен суд. „Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители, како и на Основното […]

Заев до струмичкиот суд: И понатаму нема да се јавувам во судот

август 7, 2015

Скопскиот кривичен суд денеска објави дел од записникот и изјава на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со негово образложение зошто не се јавува во Основниот суд Струмица, односно не ја почитува мерката за претпазливост што му ја одреди судот за случајот „Пуч“. Од Основниот суд Скопје 1 го известиле Јавното обвинителство за гонење на организиран […]

Триесет дена притвор за деветмината уапсени во акцијата „Ќелија“

август 7, 2015

Судија на претходна постапка вчера, по сослушувањето, на деветмината приведени во полицискаката акција „Ќелија“ им одредил притвор од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1. За другите 27 осомничени, по кои сè уште се трага, судијата издал наредба за приведување, по што ќе се одлучува по предлогот на Јавното обвинителството за организиран криминал и за корупција […]

Врховниот суд ја оцени скопска единица со „релативно ефикасен“

јули 28, 2015

Од вкупно 119.566 предмети, колку што имал за работа скопскиот Кривичен суд во текот на минатата 2014 година, судиите успеале да решат повеќе од половина, односно 75.906 случаи, додека 43.660 предмети останале нерешени, покажува извештајот за оцена и за заклучоци на работата на судовите во Македонија, изработен од Врховниот суд. Како што соопштуваат од Основниот […]

Укинат притворот на Соња Верушевска, мерката заменета со куќен притвор

јули 24, 2015

Скопскиот кривичен суд денеска ѝ ја укина мерката притвор на Соња Верушевска, една од обвинетите во случајот „Пуч“, и ја замени со мерка куќен притвор, соопштија од судот. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 попладнево доставил решение со кое „жалбата на обвинетата Соња Верушевска, изјавена преку нејзиниот адвокат, за […]

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

јули 20, 2015

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, […]

Дали Заев ќе оди во притвор, ќе се знае откако судијата ќе се врати од одмор

јули 9, 2015

Судија на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд, ќе одлучи каква мерка ќе му определи на лидерот на опозцијата, Зоран Заев, откако ќе се врати од годишен одмор, соопштија од Основниот суд Скопје. „Ова известување е доставено до надлежниот судија на претходна постапка при овој суд, кој ја издал мерката за претпазливост, за кој инмформираме […]

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

јули 6, 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров. „Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во […]

Одложено рочиштето на Апелација за расправа по пресудите за случајот „Монструм“

јули 6, 2015

Судскиот совет на Апелацискиот суд го одложи денешното рочиште на кое требаше да се расправа по жалбите за пресудите за случајот „Монструм“. Одлуката и пресудата на првостепениот суд, како што пренесува „Плусинфо“, ќе биде прочитана на 11 септември, кога ќе бидат елаборирани и жалбите на одбраната, по што Апелациониот суд треба да се произнесе по […]

Ќе има судење за „Пуч“, судот го одобри обвинението

јуни 30, 2015

Советот за оценка на обвинителниот акт на Кривичниот суд во Скопје, во целост го одборил обвинението за случајот „Пуч“, и истовремено ги одбил приговорите на одбраната на обвинетите, меѓу кои е и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, како неосновани, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Советот во одлучувањето утврди дека делата што се предмет на обвинителниот […]

Две години и четири месеци затвор за еден од демонстрантите од 5 мај

јуни 10, 2015

Затворска казна од две години и четири месеци му одреди денеска Основниот суд Скопје 1 на еден од обвинетите демонстранти за нередите на протестите од 5 мај пред Владата. Кривичниот суд денеска ја објави и пресудата за вториот од оваа група обвинети демонстранти, кој доби условна казна од седум месеци затвор, која нема да се изврши […]

Поднесен обвинителен акт за случајот „Чекан“

јуни 4, 2015

Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднел обвинителен акт против десетмината уапсени во полициската акција „Чекан“, кои се товарат за злосторничко здружување, изнуда, перење пари и за лихварство. „Криминалната група во која биле обвинетите, почнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување […]

Осум условни и една затворска казна за демонстрантите од 5 мај

мај 22, 2015

Осум од вкупно деветмината демонстранти што беа обвинети за насилство за време на протестите пред Владата, на 5 мај, денеска во Основниот суд Скопје 1 се осудени на условни затворски казни од три месеци. Условните казни нема да се изврашат доколку осудените во рок од една година не сторат ново кривично дело. Еден од обвинетите e […]

Почнува судењето на втората група демонстранти уапсени по 5 мај

мај 22, 2015

Во Основниот суд Скопје 1 се очекува да почне судењето на втората група демонстранти, кои беа притворени по нередите и насилствата за време на протестите пред Владата, на 5 мај. Деветмината демонстранти се товарат за кривичното дело учество во толпа, а меѓу нив има и двајца членови на „Студентски пленум“. Во меѓувреме, закажано е и […]

Страна 1 од 2