fbpx

Хаџиски отфрла вина и тврди дека не се сеќава на убиството на Јошевска

-

Скопјанецот Миле Хаџиски, против кој во Основниот суд Скопеј 1 денеска почна новото судење за бруталното убиство на Мери Јошевска, пред 22 години, во двочасовното сведочење ја отфрли вината за убиството на Јошевска, тврдејќи дека не се сеќава на ништо.

„Се сеќавам дека отидов кај неа дома за да ми даде пари за набавка на цигари, кои ги препродавав во скопските кафулиња. Место пари, ми даде женски прстен за да го заложам. Пиевме кафе и вотка, почнавме расправа… Иако бевме во одличен другарски однос, таа почна да ми се заканува дека ќе раскаже оти е бремена од мене и дека чичко ѝ работи во полиција, па ќе каже дека сум ја силувал доколку не бидеме заедно. Но, јас имав друга девојка. Потоа, не се сеќавам на ништо. Следното нешто што го паметам е кога се разбудив дома, нешто ме гушеше, па излегов надвор на воздух. Вечерта полицијата ме пронајде и ме уапси. Под присила, ги потпишував сите записници. Едно време дури и почнав да верувам дека навистина сум ја убил Мери, ама сега со годиниве сфаќам дека има некоја друга заднина“, пренесува „Утрински“ дел од сведочењето на Хаџиски.

Тој од земјава побегна во 1995 година и во отсуство беше осуден на 20 години затвор. Хаџиски ѝ се приклучува на француската легија на странци, а во меѓувреме го менува идентитетот и станува Зоран Томановиќ. Пред три години, тој е уапсен од швајцарската полиција, под сомнеж дека е член на познатата криминална група Пинк Пантер, но успева да побегне од затвор за потоа да биде повторно уапсен од француските власти и екстрадиран во земјава.

Судскиот процес продолжува кон средината на ноември, кога, како што пишува „Утрински“, се очекува да сведочат родителите на Јошевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...