fbpx

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров.

„Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а воедно му ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата“, велат од Основниот суд Скопје 1.

На денешното рочиште, одбраната и обвинителството неколку часа ги изнесуваа завршните зборови.

Како што пренесува „Академик.мк“, според обвинителството, Ештрефи убиството го сторил со умисла, додека одбраната остана на својата позиција, тврдејќи дека станувало збор за нужна одбрана.

Убиството се случи на 19 мај минатата година, кога Ештрефи се обидел да украде велосипед од дворот на семејната куќа на Петковски, во населбата Ѓорче Петров, но побегнал откако бил забележан. Подоцна, тој бил престретнат од Ангел и од неговиот татко, по што со нож му нанел смртоносна рана на матурантот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...