fbpx

Укинат притворот на Соња Верушевска, мерката заменета со куќен притвор

-

Скопскиот кривичен суд денеска ѝ ја укина мерката притвор на Соња Верушевска, една од обвинетите во случајот „Пуч“, и ја замени со мерка куќен притвор, соопштија од судот.

Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 попладнево доставил решение со кое „жалбата на обвинетата Соња Верушевска, изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притвор се уважува“.

„Со тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 , се преиначува и гласи: Мерката притвор против обвинетата Соња Верушевска, определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжувана со решенија на Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупија поради основан соменеж дека сторила крвично дело шпионажа, се укинува. Воедно на обвинетата, во согласност со одредбите од член 163 од Законот за кривична постапка (ЗКП), ѝ се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 24 јули 2015 година“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Според судот, на Верушевска ѝ се забранува да го напушта домот, а надзорот за спорведување на куќниот притвор е доверен на Министерството за внатрешни работи (МВР), односно на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во случајот „Пуч“, покрај Верушевска, обвиниети се и нејзиниот сопруг, инаку поранешен директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, кој е првоосомничен, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како и Ѓорѓи Лазаревски и Бранко Палифров.

Обвинетите се товарат за кривичните дела шпионажа и насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...