Основното јавно обвинителство, до истекот на предвидениот рок, поднесе жалби на одлуката на судијата на предходна постапка да ги суспендира, односно да ги прогласи за неважечки како докази снимките од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата.

Од Основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека Основното јавно обвинителство обжалило „вкупо 21 решение на судијата на претходна постапка кој одлучуваше по однос на барањето за издвојување на докази од списите на предметите на Јавното обвинителство“.

Како што информираат од судот жалбите веќе биле доставени до адвокатите на осомничените во случаите, кои во законски одреден рок треба да достават одговори, а потоа жалбите ќе бидат испратени до Апелациониот суд Скопје, кој е надлежен да одлучува по нив, според членот 93 од Законот за кривична постапка.

Инаку, како што предходно информираше јавното обвинителство, по пријавите од опозицијата покрената е постапка за вкупнот 27 предмети.