fbpx

Врховниот суд ја оцени скопска единица со „релативно ефикасен“

-

Од вкупно 119.566 предмети, колку што имал за работа скопскиот Кривичен суд во текот на минатата 2014 година, судиите успеале да решат повеќе од половина, односно 75.906 случаи, додека 43.660 предмети останале нерешени, покажува извештајот за оцена и за заклучоци на работата на судовите во Македонија, изработен од Врховниот суд.

Како што соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, повикувајќи се на извештајот на Врховниот суд, од вкупниот број предмети во Кривичниот суд, 69.158 биле новопримени, а 50.408 биле незавршени од претходната година.

Оттаму наведуваат дека, според наводите во извештајот, Основниот суд Скопје, минатата година „ја завршил со зголемен квалитите во однос на решавање на предметите, квалитетот на пресудите и намалување на бројот на нерешени предмети“.

„Според квалитетот при одлучување по оддели, во извештајот е констатирано дека во одделот за организиран криминал и корупција, во текот на 2014 година решени се 109 предмети, од кои обжалени пред второстепениот суд се 62 предмета од кои 55 предмети биле потврдени, а укинати биле само два предмета, односно 3,23 отсто од обжалените или 1,83 отсто од вкупниот број на предмети“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Во Кривичниот оддел на судот, според извештајот, од вкупно 4.561 решени случаи минатата година, до Апелацискиот суд жалби биле поднесени за 999 одлуки, од кои 10 биле делумно укинати (1 отсто), а 186 (18,62 отсто) биле укинати.

За десет и пол месеци, период кој бил анализиран во заклучоците и согледувањето од извештајот на Врховниот суд, скопскиот Кривичен суд работел на 104.613 предмети, односно во судот месечно стигнувале по околу 10.000 предмет. Од нив, за истиот период биле решени 61.052 случаи, „односно во периодот од 10,5 месеци судиите на Кривичниот суд решавале по 5.814 предмети месечно, со што Врховниот суд го оценил овој суд како релативно ефикасен“.

Во извештајот на Врховниот суд биле детектирани одредени околности и тешкотии кои влијaеле врз ефикасноста на Основниот суд Скопје 1, кои како што информираат оттаму, се однесуваат на недоволна кадровска екипираност во текот на 2014 година.

„На двајца судии им мирува судиската функција, на четворица судии им престанала судиската функција поради исполнување услови за пензија, еден судија е разрешен со одлука на Судскиот совет, а во текот на 2014 година со одлука на Советот привремено се оддалечени од вршење на судиската фукција девет судии од одделот за прекршоци, а на нивно место привремено се упатени да ја вршат седум нови судии. Дополнително врз ефикасноста влијаел и недоволниот број судски службеници, како и недостигот од судски рефернети – дактилографи. Според обемот на работа и специфичноста на надлежноста, пак, Основниот суд Скопје 1 – Скопје е единствен суд во Македонија со олку голем фонд предмети во работа во текот на една година“, стои во соопштението од скопскиот Кривичен суд.

На почетокот на октомври минатата година, во полициска акција под кодно име „Јустиција“ беа уапсени 14 судии и 11 судски службеници од Одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1, под сомневање дека со несовесно работење го оштетиле државниот буџет за 1,3 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...